Контакт

Регион

Четворица загинати во поплавите во Бугарија и Турција, поплавени хотели и куќи

Објавено пред

Невремето на јужниот бугарски брег на Црното Море однесе два животи, а на западот на Турција пет лица исчезнаа во поплавите.

dobivaj vesti na viber

Две лица загинаа, а уште три лица се сметаат за исчезнати, објави бугарскиот телевизиски канал „БТВ“, повикувајќи се на властите.

Многу хотели и куќи се поплавени по обилните дождови, јавуваат бугарските медиуми. Властите во градот Царево прогласија вонредна состојба откако реката Велека се излеа од коритото. Според извештаите, патиштата беа поплавени, некои мостови беа однесени, а неколку одморалишта беа отсечени.

Во одморалиштето Синеморец прекинато е снабдувањето со електрична енергија, а помалото село Кости е евакуирано. Властите во Царево ги повикаа луѓето да се преселат на повисоки места каде што е можно.

Петмина исчезнати во Турција

По обилните дождови и поплавите на западот на Турција, пет лица се водат како исчезнати, меѓу кои и едно дете, јави државната новинска агенција Анадолија. Поплавите однесоа и бунгалови во одморалиштето во западната провинција Киркларели во близина на границите со Грција и Бугарија.

Обилни дождови во понеделникот го погодија и градот Мугла во југозападна Турција, а гром предизвика пожари на 36 локации, јави Анадолија. Агенцијата за справување со катастрофи АФАД прогнозираше невреме во западниот и југозападниот дел на земјата, предупредувајќи за поројни поплави, удари на гром и силен ветер.

Турција во средината на август беше погодена од топлотен бран. Температурите на исток и понатаму се над нормалните вредности за овој период од годината, додека на други места времето е стабилизирано, соопшти метеоролошката служба.

Регион

Падна таван во гимназија во Србија

Објавено пред

Дел од таван на училница во гимназијата во Бечеј падна денес за време на часот, пренесуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Настанот според написите го потврдил и директорот на тоа училиште, Миодраг Башариќ.

„Никој не е сериозно повреден“, изјави Башариќ за 021.rs.

Тој изјави дека училишниот тим за итни случаи моментално работи на инцидентот и дека се собираат информации за инцидентот, како и дека медиумите и јавноста ќе бидат навремено информирани за сè.

Полицијата и брзата помош беа на местото на настанот.

Општина Бечеј потврди дека на 22 мај, за време на часовите, гипс паднал од дел од таванот во Гимназијата, во кабинетот по јазик.

Во соопштението се наведува дека „редовни инспекции биле вршени до почетокот на ученичките блокади, и дека катот над споменатата училница е сè уште блокиран“.

Во изјавата на претседателот на општина Бечеј, Вук Радојевиќ, пишува дека четворица ученици добиле, како што е наведено, само гребнатини.

„Сепак, она што особено нè загрижува е фактот дека дел од училиштето е сè уште блокиран, поточно катот над училницата каде што се случи немилиот настан. Ве потсетуваме дека блокадата на гимназијата Бечеј започна на 21 февруари, а заврши на 6 април, кога наставата беше повторно воспоставена на приземјето на училиштето. Сепак, горниот кат остана блокиран од мал број ученици“, се наведува во соопштението, како што пишуваат медиумите во регионот.

Се наведува дека ќе бидат преземени сите мерки за испитување на сите околности што доведоа до овој немил настан.

„Особено апелирам до родителите и учениците кои блокираат дел од училиштето да престанат да го прават тоа, за да можат стручните служби и надлежните инспекции целосно да ја утврдат состојбата на училиштето по неколкумесечна блокада, а сè за безбедноста на нашите деца“, вели претседателот на општина Бечеј.

Членот на Собранието на Бечеј, Милан Бокун, чие дете оди во ова училиште, за Н1 изјави дека „ова е предупредување дека очигледно не се посветува доволно внимание на сите работи за кои треба да се води грижа“.

„По падот, имавме инспекција со наредба од претседателот на државата. Таа инспекција изготви извештај во кој се наведува дека има пукнатини на таваните и ѕидовите, и очигледно ништо не е преземено во врска со тоа. Зошто? Го оставаме тоа на претседателот на општината, кој вели дека издвојува огромни средства за образование, како што самиот рече кога го отворија тој кабинет“, истакнува тој.

Тој наведува дека кабинетот каде што се урна дел од таванот бил отворен пред нешто повеќе од една година.

„Дури имаше и помошник-министер за образование за да го отвори. Кабинетот беше реновиран, реконструиран. Очигледно е дека плаќаме само за скапа шминка, а тоа е многу лошо“, вели тој.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Први снимки од силниот земјотрес на Крит: автомобилите се тресат, сè паѓа на подот во маркетите, оштетени згради

Објавено пред

Жителите на Крит се загрижени откога силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди островот рано утрово и беше почувствуван во цела Атика.

dobivaj vesti na viber

Според локалните медиуми, жителите скокнале од креветите со сведоштва дека сеизмичкиот потрес бил проследен со силен татнеж, а многумина ги напуштиле своите домови заради безбедност.

Пристигнаа првите снимки од земјотресот. На една се гледа како автомобилите и каблите на улицата се тресат, а може да се слушне и татнеж.

Во супермаркетите производите паѓаа од полиците предизвикувајќи штета, пишува „Прототема“.

По земјотресот со јачина од 6,1 степени по Рихтер, во областа беа регистрирани уште девет последователни потреси, при што најмалиот беше со јачина од 2,5 степена според Рихтеровата скала, а најголемиот со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес во Грција: жителите да бидат внимателни, службите за итни случаи во готовност

Објавено пред

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Крит во Грција, соопштија сеизмолошките служби. Земјотресот предизвика процена на ризикот од цунами за целиот регион.

dobivaj vesti na viber

Американскиот геолошки завод (USGS) објави дека земјотресот е регистриран на длабочина од 68,9 километри, со епицентар во морето, 58 километри североисточно од Елунда, популарна туристичка дестинација.

Иако засега нема извештаи за повредени или поголема материјална штета, грчките власти и експертите остануваат во состојба на зголемена готовност.

Во исто време Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) потврди дека е во тек процена на можноста од цунами.

Грчките служби за итни случаи се ставени во состојба на готовност, а цивилната заштита продолжува да ја следи ситуацијата на терен. Жителите на крајбрежните области се повикуваат да останат внимателни и да ги следат понатамошните упатства од властите.

Крит, најголемиот грчки остров, се наоѓа во сеизмички активна зона и во последните години доживеа неколку силни земјотреси.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Два случаи на мајмунски сипаници во Македонија: потврди Институтот за јавно здравје

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје од Клиниката за кожни болести биле упатени двајца пациенти суспектни за Monkeypox –...

Македонија14 часа

Данела му одговори на Мицкоски: „Благодарам на можноста господине Мицкоски да делувам едукативно на вас“

Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира...

Македонија14 часа

Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава

По неколкумесечна предистражна постапка, денеска полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал...

Македонија15 часа

Славески ќе си замине од функцијата претседавач во Советот на Град Скопје доколку биде избран за гувернер

Професорот и претседавач на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, доколку биде избран за гувернер на Народната банка на Република...

Македонија16 часа

(Видео) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер

Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер, изјави пратеникот Оливер Спасовски. Според него, изборот...

Македонија17 часа

Поднесени две обвиненија за „Онкологија“: 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 непотребна терапија

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“, со кој се опфатени шест лица, и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор...

Македонија18 часа

(Видео) Самохрана мајка од Кочани дала отказ за да се грижи за повредениот син: „Ни треба помош од државата“

Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, зборуваше за состојбата во која се наоѓа семејството по пожарот во „Пулс“ и...

Македонија18 часа

Мицкоски ја повика Арсовска да постапи за дивоградбата во Чаир: Таа има ингеренции, од филозофирање и гола реторика народот нема фајде

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека...

Македонија19 часа

Лековите за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција, покажа ревизорскиот извештај за Хематологија

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеноста на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника...

Топ19 часа

24-годишник од Струшко со „мерцедес“ излетал од пат: двајца тешко повредени

Вчера околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во...

Македонија19 часа

Во Лондон денеска ќе биде потпишан договорот меѓу владите на Македонија и на Велика Британија

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Велика Британија ќе биде потпишан денеска во Лондон. Вицепремиерот и...

Регион20 часа

(Видео) Први снимки од силниот земјотрес на Крит: автомобилите се тресат, сè паѓа на подот во маркетите, оштетени згради

Жителите на Крит се загрижени откога силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди островот рано...

Свет21 час

(Видео) Снимката од апсењето на убиецот на израелска двојка стана вирална на социјалните мрежи

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека го прикажува моментот кога Елијас Родригез, осомничениот за смртоносната...

Свет22 часа

(Видео) Првпат по 81 ден: 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

Вкупно 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа, за прв пат по 81 ден целосна блокада наметната од...

Европа22 часа

(Видео) Рускиот министер за надворешни работи: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија нема да се согласи на безусловно примирје со Украина...

Свет22 часа

(Видео) Севернокорејците неуспешно лансираа разорувач, Ким Џонг-ун ја осуди несреќата: „Небрежност што го наруши достоинството на земјата“

За време на спуштањето во вода на нов севернокорејски воен брод, на кој присуствуваше и лидерот Ким Џонг Ун, се...

Свет23 часа

(Видео) Двајца израелски дипломати убиени во Вашингтон

Двајца вработени во израелската амбасада се убиени во пукотница за време на настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон....

Свет23 часа

(Видео) Трамп го нападна новинарот кој праша за луксузниот авион: Ти си срам!

Американскиот претседател Доналд Трамп бурно реагираше на прашањата од новинарот на „Ен-би-си Њуз“, Питер Александар, за луксузниот авион што катарската...

Македонија1 ден

Tрајко Славески е предлогот на Сиљановска-Давкова за гувернер на Народна банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка. Од нејзиниот кабинет велат дека при носењето на...

Македонија2 дена

Со шесте милијарди евра за Македонија ќе се градат брза пруга, болници, студентски дом – Николоски од Лондон со детали за договорот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ја предводи официјалната делегација на Македонија во Обединетото Кралство, оствари средба со...