Македонија
Петровска на конференцијата за родова еднаквост и перспектива на ОБСЕ: жените во безбедноста не се само бројка, тие се вредност и квалитет
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, утрово, во Тетово, се обрати на првата работна сесија во рамките на конференцијата организирана од македонското претседавање со ОБСЕ посветена на родовата еднаквост и еманципација на жените, на која се осврна на унапредувањето на вклученоста и лидерството на жените во градењето на мирот и менаџирањето на конфликтите.
Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ООН побарува вклучување на жените во сите области на градење на мирот и превенција на конфликти, укажа министерката и порача дека без придонесот на жените не е можен одржлив мир и безбедност.
„Жените имаат многу важна улога учествувајќи во мировни преговори и во процесите на донесување на одлуки. И, тука не зборуваме за бројки, туку за клучни вредности и квалитет. Зборуваме за градење и позиционирање жени лидери, кои ги користат своите интелект, вештини и потенцијал за градење одржлив мир“, рече министерката. Таа порача дека клучната карактеристика на жените лидери е нивната храброст и додаде дека тоа е нешто што можеме да го видиме секој ден преку храбрата борба на украинските жени, цивили и во униформа, за слободата на нивната земја и безбедноста на украинскиот народ.
Петровска истакна дека не смееме да дозволиме жени – професионалци во своите области, кои работат неуморно и посветено, да останат незабележани и дека мораме да работиме посветено за женското лидерство да биде составен и неразделен дел од современата безбедносна архитектура.
Во однос на местото и улогата на жените во Северна Македонија, министерката Петровска посочи дека и претставува чест што води едно од покомплексните министерства – одбраната и дека тоа треба да биде уште една гласна порака за сите млади жени да веруваат во себе и да изберат да бидат дел од одбранбениот сектор зашто жените навистина може да направат разлика.
„Во Северна Македонија препознавањето на ова општествено прашање и силната посветеност на политичките чинители нè доведоа до денешните над 40 % жени во македонското Собрание. Ни треба и повеќе жени министерки во Владата. Како министерка за одбрана повеќе од една година, не можам да бидам задоволна ако не видам повеќе жени на лидерски позиции и затоа ние жените лидери мораме да мотивираме и да поттикнеме повеќе жени да бидат успешни“, рече Петровска.
Министерка додаде дека во Министерството континуирано се работи на развој на културата за родова еднаквост и родова перспектива и порача дека резултатите се видливи – на последниот конкурс за прием на питомци на Воената академија од 35 примени питомци, 14 се жени. Порача дека Министерството е посветено на соработката со невладиниот сектор на ова поле.
Пред панелот, на кој учествуваа истакнати жени од академската заедница, а преку видеоконференциска врска се вклучи и Катерина Левченко, владин комесар за родова еднаквост на Украина, говореше и Елиса Фернандез, заменичка-регионален директор за Европа и Централна Азија на UN Women, која се заблагодари на Северна Македонија за организирањето на конференцијата. Фернандез порача дека вклучувањето на жените во градењето на мирот е од витално значење за еден одржлив свет. Таа посочи на неколку препораки, како поддршката за невладиниот сектор во оваа област, стабилното финансирање на активностите и зголемувањето на вклученоста на жените во процесот на донесување одлуки.
Целта на првата работна сесија со наслов „Жени, мир и безбедност: зацврстување на вклученоста и лидерството на жените за инклузивно градење на мирот и менаџирање на конфликти“ е преку размена на искуства на жени лидери и жени што се дел од академската заедница да се укаже на важноста и начините за надминување на бариерите во вклучувањето на женската перспектива во превенцијата на конфликтите, кризниот менаџмент и активностите за окончување конфликти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„За две години зголемени плати на полициски службеници, социјални работници, на вработените во образование, здравство, јавен сектор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„ВМРО-ДПМНЕ на страната на работникот. Во опозиција со давање јавна и недвосмислена поддршка на синдикатите за барањата за зголемување на платите, додека од позиција на власт со договори за конкретно покачување на платите. Како што ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваше синдикатите и работниците во опозиција кога протестираа во 2020 и 2024, така и сега, преку дијалог и разговори прави се во рамките на можностите платите да растат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Разликата е во тоа што ССМ од тогашната влада на СДС, во услови на двоцифрена инфлација, бараше линеарно покачување на платите во јавниот сектор од 2.806, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми за многу повеќе.
Со преземањето на власта, средбите со синдикатите се интензивираа и како резултат на тоа се спречија штетните политиките од претходната власт, се потпишаа колективни договори и се покачија платите секаде каде државата е работодавач.
Во период од околу две години, од преземањето на власта до денес, се потпишаа колективни договори во образование и здравство, каде што платите на сите вработени во основно и средно образование докрај на мандатот од 46% до 60%, вработените во високото образование добија покачување од најмалку 14%, додека здравствените работници ќе добијат од 40 до 50% повисоки плати.
За 10% се зголемија платите на полициските службеници, социјалните работници добија 20% повисоки плати, додека преку посебни колективни договори, вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување.
Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира системско покачување на платите за 40% до 2028 година.
Освен на централно ниво, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се грижи за работниците и нивниот стандард и на локално ниво, така во општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, во просек, платите на сите вработени се зголемени за околу 5.000 денари.
Во целост се испочитувани сите колективни договори кои претходната власт ги игнорираше во одбраната, културата и други институции и нема доцнење на плати како во времето на СДС и ДУИ, кога вработените со месеци беа без приходи.
Сите овие зголемувања на платите се многу поголеми од тоа зголемување што тогаш го бараше ССМ, а уште поважно до крајот на мандатот ќе го надмине целосно барањето коешто сега го има Слободан Трендафилов.
Од друга страна, согласно закон во март годинава ќе се зголеми и минималната плата, а секое друго зголемување мора да се договара институционално, во Економско-социјалниот совет, меѓу работодавачите и синдикатите и Владата како посредник.
Низ дијалог да се дојде до одржливо решение, прифатливо за сите вклучени страни, како за работодавачите, работниците, за буџетот и стопанството во целост.
Ултиматумите и блокадите на СДС не му служат на работникот, туку само на Трендафилов и малкумината околу него кои градат кариери и профитираат на грбот и маката на обичниот работник.
Владата ќе продолжи со својата заложбата и креирање политики за поголем економски раст кој ќе овозможи уште поголем раст на платите, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Со почит,
Македонија
Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ
Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на премиерот и на неговата расипничка власт, обвинија од СДСМ.
„До толку се опиени од моќта и аздисаното грабање пари преку приватни бизниси и криминални тендери. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата, им кратат 40 милиони евра на земјоделците, 5 милиони евра во спортот, премиерот ужива со парите на народот, со владин авион на море. Со часовници од 60 илјади евра, и со владин авион, Мицкоски покажа дека е ист како Никола Груевски кој се луксузираше со очила од 60 илјади евра и мерцедес од 600 илјади евра. Додека недостасуваат милијарди во буџетот, додека храната, струјата и греењето се поскапени, Владата планира нови стотици милиони евра за авион – за нови туристички патувања на премиерот и министрите. Ова е врв на аздисаност и ароганција на една корумпирана и криминална власт“, велат од партијата.
Од СДСМ бараат Мицкоски да не се крие, да излезе пред граѓаните и да одговори колку ги чинеше граѓаните неговото лукзусно летање со авион и кој бил со него во владиниот авион?
Македонија
Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба
Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители за злоупотреба на службена положба.
„Врз основа на чл.272 од Законот за Кривична постапка до МВР и Јавното обвинителство на РМ, по пат на допрен глас, јас Владимир Панчевски од Скопје, поднесувам, КРИВИЧНА ПРИЈАВА против:
1. Башким Бесими од Тетово, претседател на Советот на јавни обвинители
2. Марјана Илиеска од Прилеп, заменик претседател на Советот на јавни обвинители
3. Јелена Догазанска Колева од Скопје, член на Советот на јавни обвинители
4. Зорица Павловиќ од Скопје, член на Советот на јавни обвинители
5. Ермон Незири член на Советот на јавни обвинители
6. Кети Петкова член на Советот на јавни обвинители
7. Светлана Стојковиќ член на Советот на јавни обвинители
8. Душица Димитриеска член на Советот на јавни обвинители
9. Ардиан Демири член на Советот на јавни обвинители
10. Фатих Алиу член на Советот на јавни обвинители
За кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.1 вв со чл. 22 од Кривичниот законик“, објави Панчевски на Фејсбук.
Тој појаснува дека тие со искористување на својата службена положба и со пречекорување на границите на своето службено овластување, постапиле спротивно на член 62 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство при разгледување на неговата пријава и утврдување на посебниот услов.
„Констатирале дека: „согласно законските одредби, кандидатот треба да има најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право. Во конкретниот случај, на кандидатот му престанала функцијата пред 13 години и во меѓувреме не бил ниту судија, ниту јавен обвинител. Оттука, тој стаж не може да се смета за непрекинат стаж од областа на кривичното право во смисла на законот – истакнала членот на Советот Маријана Илиеска. По што со оглед на наведеното, Советот заклучил дека кандидатот Владимир Панчевски не ги исполнува законските услови и не треба да биде ставен на листата на кандидати за кои ќе се гласа.”, напиша Панчевски.
Со ова, според него пријавените со умисла потешко го повредиле неговото законско право предвидено во член 61 ст.1 алинеја 1 спротивно на потврда на Основен Кривичен суд Скопје 07. Су.бр.25/26-1 од 20.01.2026 година со која се потврдува дека бил во редовен работен однос на неопределено време во овој суд, на работно место – Судија од 08.02.2008 година до 28.07.2020 година и има вкупен непрекинат судиски стаж во овој суд од 12 години, 5 месеци и 20 дена.
Исто така, додава Панчевски, во Советот на јавни обвинители како заменик претседател учествувала Марјана Илиеска од Прилеп сопруга на Орде Илиески осуден за организиран криминал со негова пресуда за кривично дело даноќно затајување.
Според него, Илиеска како службено лице обвинител и член на Советот на обвинители била должна да се изземе при гласањето како блиско лице под сомнеж за пристрасност и судир на интереси бидејки истата, како што вели Панчевски, знаела и можела да знае дека при одлучувањето постои конфликт на интереси, но го премолчела овој факт.
„Оваа кривична пријава е одраз на трулиот судско – обвинителски систем и предизвик Јавното обвинителство и МВР да отворат постапка по допрен глас и да расчистат со контаминираните кадри кои незаконски одлучуваат потешко повредувајки ги правата на граѓаните, носат селективна правда и го рушат угледот на судскиот систем.
Ги повикувам Владата и органите на прогонот да се охрабрат и веднаш да постапат по оваа пријава за директна злоупотреба од страна на пријавените“, вели Панчевски.
фото/facebook

