Соопштенија
Победникот на типстер-купот на „Спорт лајф“ ги зеде клучевите од станот

Премијата на Типстер Куп сезоната 2022/2023 – станот во Џевахир Скај Сити, ја освои Владимир Трајчев од Струмица. Трајчев до највредната награда стигна благодарение на еден фeноменален тикет уплатен пред крајот на акциската игра која траеше 10 месеци, во периодот од септември 2022 година до јуни 2023 година.
„Го сакам спортот и најмногу следам фудбалски мечеви. Често играм во обложувалница, но тоа е за забава. Не играм на многу вложени пари. Најчесто правам тикети со многу мечеви. Ги следам акциските игри на Sport Lifе, посебно Типстер купот. Тој е најатрактивен бидејќи и главната премија е најголема“, вели среќниот Владимир.
Победата ја остварил со добитен тикет од 12 пара и вкупен коефициент од 1005, и тоа на 27 јуни, три дена пред крајот на финалната етапа. Следниот ден направил тикет само со 10 коефициент за да го зголеми вкупниот добитен коефициент. Инаку уплаќал тикети од по 20 денари, со повеќе натпревари за повисок вкупен коефициент. Се случувало и за еден гол да не погоди тикет, но упорноста и среќата на крајот му се исплатиле.
Типстер шампионот вели дека и во минатото имал добитни тикети, но дека ниту еден не бил толку вреден како овој, со кој освен 17.097 денари, заработил и стан токму како подарок за сопствената свадба која ја има закажано за помалку од еден месец.
Покрај честитките за добитникот, од Sport Life истакнуваат дека постојано ја збогатуваат понудата на игри и активности за своите верни членови, па така оваа година следува нова сезона на Типстер куп натпреварот, при што секој месец ќе се доделуваат 100.000 денари за најмногу погодени тикети во месецот, потоа ново СЛ мени, со разновидни бонуси и добивки за секој ден од неделата, а новитет е „Среќна 13-ка“ или „Спортска по твое“. Оваа акциска понуда ќе трае од септември до јуни следната година и секој месец ќе бидат доделувани премии за погодени 13 натпревари на тикет и тоа по избор на играчот од цел билтен, без ограничување.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Мециновиќ: Среќен сум со текот на кампањата и сè поверојатно е дека влегуваме во втор круг

Вчеравечер, во рамките на своите народни средби во Аеродром, Центар и Кисела Вода, кандидатотот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ презентираше дел од програмата #СкопјеСЕГА и повторно потсети дека досега се третирале симптомите, наместо изворите на аерозагадувањето.
„Град Скопје го посочува прстот кон сиромашните, како тие да се виновни, наместо да работи на санкционирање на вистинските загадувачи. Мора да се зголеми бројот на инспекторите за животна средина, да се опремат со дронови за поефикасна работа на терен и да се унапреди соработката со Министерството за животна средина,“ истакна Мециновиќ.
Тој информираше дека градот, поради актуелната регулатива, нема надлежност без Министерството да врши инспекциски надзори над индустриските загадувачи, кои се најголем извор на аерозагадување.
Мециновиќ додаде: „Повторно ќе истакнам дека со решавање на проблемот со јавниот транспорт – кој, патем, е главен фокус во нашата програма, ќе се реши поголем дел од проблемите во Скопје, вклучително и аерозагадувањето.“
„Среќен сум со текот на кампањата и сè поверојатно е дека влегуваме во втор круг“ – заврши Мециновиќ.
Соопштенија
Тоневски: Во наредните 4 години ќе инвестираме во патната инфраструктура во Пробиштип

Патната инфраструктура е област во која никогаш нема крај, секогаш има потреба од изградба и реконструкција на уште една улица, секогаш има потреба од нови тротоари како на улицата „28 август“, „Партизанска“, на „Браќа Миладиновци“, на улицата „Кочо Рацин“ и на многу други локации, рече Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но Пробиштип не е само градот, во наредните 4 години ќе инвестираме во секое населено место. Асфалтерките ќе стигнат до секоја населба и секое село. Ќе го изградиме патот до Јамиште, Шталковица, Пестришино, Близанци, Кундино, Костомар, Горни Стубол. Ќе го прошириме и реконструираме патот до Свети Николе, преку Неокази и Мечкуевци, за да добиеме вистински регионален пат каков што доликува на нашата општина. На сите жители ќе им овозможиме нормален и безбеден пристап до нивните домови и села. Заборавени места повеќе нема да има. Направете го вистинскиот избор, за тебе за твоето место, за твојата иднина“, рече тој.
Соопштенија
Ливриниќ: Визбегово како уредна и поврзана населба со нови тротоари, градинка и мини плоштад

Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ, оствари средби со жителите на населбата Визбегово, каде што разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните и ги претстави приоритетните мерки од својата програма за овој дел од општината.
„Во Визбегово кога врне и кога не врне е исто – тротоари немаме. Тоа мора да се промени. Мој приоритет ќе биде изградба на тротоари на сите улици и асфалтирање на улиците и нивните краци, за да имаме уредна и безбедна населба. Планираме и поставување лежечки полицајци на повеќе локации за да ја зголемиме безбедноста на пешаците“, истакна Ливриниќ.
Таа додаде дека грижата за животната средина и за животните мора да биде дел од локалната политика, најавувајќи изградба на стационар за кучиња и програми за уредување на јавните површини.
Како дел од визијата за поквалитетен живот, Ливриниќ најави и мини плоштад во центарот на населбата, опремен со урбана опрема – простор за дружење, културни настани и заедништво на жителите.
„Старото училиште ќе добие нова функција – детска градинка. Визбегово заслужува современ и безбеден простор за нашите најмали“, додаде таа.
Ливриниќ рече дека во соработка со Град Скопје, ќе биде воведена и нова автобуска линија Радишани – Визбегово – Карпош, со што ќе се подобри поврзаноста и ќе се намали сообраќајниот метеж.
„Визбегово ќе го направиме пример за тоа како една населба може да биде уредна, безбедна и пријатна за живеење. Ова не се ветувања, туку план кој заедно со жителите ќе го спроведеме“, порача Оливера Ливриниќ.