Црна хроника
Тешко повреден велешанец, бил прегазен од „пежо“
Вчера, околу 11 часот, во СВР Велес било пријавено дека на улицата Илинденска во Велес, патничко возило „пежо“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот П. К. од Велес, удрило во 60-годишниот Т. Ч. од Велес, извести МВР.
Во несреќата пешакот сдобил тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Велес. Увид извршила екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Турист од Англија во Охрид паднал во непристапен терен во близина на хотел „Десарет“
Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека после пладне, на Единствен повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК, било пријавено од Итна медицинска помош од Охрид дека во близина на хотел „Десарет“ во Охрид, лице (странски државјанин) паднало во непристапен терен и од паѓањето се здобило со телесни повреди, по што била повикана итнатата медицинска помош.
Заради непристапнапноста на теренот медицнската екипа не можела да интервенира, па од ЦУК беа известени пожарникарите од ТППЕ Охрид, полицајците од СВР Охрид и Планинарска спасителна служба Патагонија од Охрид.
Црна хроника
Уште едно лице од Непал исчезнало од Скопје
Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, А.С.(26) од Скопје пријавил од местото каде престојувал се оддалечил П.Г.(28) од Непал, со престој во Скопје, кој бил вработен во приватна фирма.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Топ
МВР со детали за тепачката во „Идризово“: Тројца осуденици повредени, двајца од остар предмет
Вчера во 13.10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10.30 часот во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе осудени лица, при што со повреди се здобил Е.М.(26), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар предмет, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.