Црна хроника
Младо момче од Сарај уценило малолетничка да му испрати експлицитни фотографии, па ги споделувало
Полицијата поднесе кривична пријава против А.Д.(18) од с.Љубин, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за „прикажување на порнографски материјал на малолетник” и „производство и дистрибуција на детска порнографија”.
„Во текот на јануари 2023 година, пријавениот уценил малолетничка да му прати фотографии со експлицитна содржина за да не каже на нејзините родители за нивната љубовна врска. А откако му ги пратила сликите, тој ги препратил на нејзините најблиски и на соучениците“, објави МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.