Свет
Америка испраќа пари запленети од руски олигарси во Украина, стигна реакцијата на Кремљ
Кремљ денеска предупреди дека американскиот план за испраќање во Украина средства запленети од санкционирани руски олигарси е незаконски и дека САД ќе бидат одговорни за последиците од одлуката за испраќање муниција со осиромашен ураниум во Украина.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска во Киев изјави дека Вашингтон ѝ префрла на Украина 5,4 милиони долари „имот запленет од санкционирани руски олигарси, кои сега ќе се користат за поддршка на украинските воени ветерани“.
„Ова е тешко да се замисли и е спротивно на сè во меѓународното право и националните закони на тие земји. Штом ќе се укаже прилика, ние ќе ги браниме нашите права“, рече Песков пред новинарите. Песков додаде дека некои руски бизнисмени веќе добиле судски пресуди во европските земји, според кои таквите трансфери се сметаат за незаконски.
„Ниту еден случај на таков незаконски притвор нема да остане незабележан“, рече тој.
Кремљ, исто така, предупреди дека САД ќе мора да одговараат за „многу тажните“ последици од одлуката за снабдување со муниција со осиромашен ураниум на Украина.
Противниците на оружјето како што е меѓународната коалиција за забрана на оружјето со ураниум предупредуваат на штетната прашина од употребата на таквото оружје и опасноста од загадување на подземните води и почвата. Земјите како САД и Велика Британија тврдат дека осиромашениот ураниум е добро средство за уништување на модерен тенк бидејќи неговата висока густина му овозможува да навлезе во оклопот.
Велика Британија во своите упатства наведува дека е тешко да се вдиши доволно прашина од осиромашен ураниум за да предизвика негативни ефекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

