Свет
Украинците напредуваат, но бавно, вели првиот човек на НАТО
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека Украинците напредуваат побавно во нивната контраофанзива против руските сили отколку што се надеваше Алијансата, но дека сè уште добиваат околу 100 метри на ден, а британскиот премиер Риши Сунак исто така го пофали напредокот на украинскиот сили, пренесува ДПА.
„Украинците постепено напредуваат и тоа ја докажува важноста на нашата поддршка и дека можеме и сме подготвени да продолжиме да помагаме“, рече тој на состанокот на комисијата на Европскиот парламент во Брисел.
„Ова се големи битки, тешки битки, но тие успеаја да ја пробијат одбранбената линија на руските сили. Руската армија беше втора најсилна во светот, а сега е втора најсилна во Украина. Тоа е доста импресивно“, изјави шефот на НАТО.
Тој потврди и дека романските власти го информирале НАТО за остатоците од евентуалниот дрон, кои биле пронајдени во близина на границата со Украина. Тој рече дека НАТО нема информации дека се работи за намерен руски напад.
Во одбрана на украинската контраофанзива денеска застана и британската влада. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го информираше британскиот премиер Риши Сунак за напредокот на телефонскиот разговор. Сунак ги пофали украинските вооружени сили за нивниот континуиран напредок на линијата на фронтот, соопшти неговиот кабинет.
На прашањето од новинарите дали Сунак го дели мислењето на некои официјални лица дека украинската контраофанзива напредува побавно отколку што се очекуваше, портпаролот на премиерот рече: „Не. Не е мое да навлегувам во оперативниот напредок на украинските вооружени сили , но мислам дека е јасно дека украинската војска прави неверојатна работа против многу поголеми армии и треба да се пофали за нивните напори“.
„Тоа е доказ за храброста на украинските вооружени сили и помошта што ја добија од целиот свет, вклучувајќи го и британскиот народ“, изјави портпаролот на британскиот премиер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

