Соопштенија
(Видео) БРАКО ги претстави своите електрични возила „Грин Машинс“ на саем во САД
Брако во најдобро светло ги претстави електричните модели на возила за одржување на хигиена во урбани средини од линијата на Грин Машинс, на специјализиријаниот Саем за јавни работи (PWX 2023 – Public Works Expo) во Калифорнија, САД.
Повеќе од 5000 професионалци кои се занимаваат со активности за јавно одржување, вработени во јавни претпријатија, администрација на општини, окрузи и сојузни држави имаа можност на лице место да се запознаат со перформансите на двата најпродавани електрични модели на Грин Машинс – најдобриот светски модел со рачно управување и со револуционерен систем за отпрашување 400 ZE и новиот модел на компактно камионче за чистење 500 ZE.
Техничкиот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, во изјава за американските медиуми истакна дека најголемите предизвици на електрификацијата се електричните возила да бидат исто ефикасни, продуктивни и економични за корисниците, како и возилата на погон на фосилни горива.
„Ние тој предизвик го надминуваме така што вградуваме најквалитетни можни компоненти, имаме современ дизајн и квалитетна изработка на возилата и им обезбедуваме услуга на највисоко ниво на клиентите“, посочи Анѓушев за време на саемот.
Саемот го организираше Американската асоцијација за јавни работи (American Public Works Association), која важи за една од најпрофесионалните организации во САД, а на саемот учествуваа над 400 компании кои нудат производи за јавно одржување.
Саемот се одржа во Сан Диего во Калифорнија, каде БРАКО има отворено сопствена компанија-ќерка на Грин Машинс, преку која се продаваат возилата во САД и Канада.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Скопјани од денес писма и пакети може да примаат и да испраќаат и во сабота и недала, „Тотал пост“ отвори пакет-шоп во „Ист гејт“
Писма и пакети од денес скопјани ќе можат да испраќаат и во сабота и во недела преку новиот пакет-шоп на „Тотал пост логистик“ отворен во трговскиот центар „Ист гејт“.
Директорот на Агенцијата за пошти, Сретен Миладиновски, на отворањето ги охрабри давателите на поштенски услуги да продолжат да ги следат светските трендови, да ги подобруваат услугите што ги нудат и да одговорат на барањата и потребите на корисниците.
„Тотал пост логистик“ најави вакви услуги и во други трговски центри.
„Ова е прв од неколкуте пакет шопови од овој тип што во иднина ќе ги отвараме по поголемите трговски центри низ Македонија, за да ја направиме поштенската услуга поблиска до корисниците. Нашиот пакет шоп ќе работи секој ден од 10 до 22 часот, а примачите и испраќачите ќе немаат временско ограничување кога да предадат или да го примат својот пакет. Модерните пакет шопови во моловите и проектот со пакетоматите во голема мера ќе ја олеснат комуникација со нашите партнери“, рече директорот на „Тотал пост логистик“, Алдин Нумановиќ.
Тотал Пост Логистик е еден од лидерите на поштенскиот бизнис во Македонија со повеќе од 150 курири и повеќе од 80 транспортни возила. ТПЛ работи успешно на македонскиот пазар од 2015 година.
Соопштенија
35 години од основањето на БИСИ: од први увозници на „Адидас“ во Македонија, преку угостителство, градежништво и хотелиерство до енергетика
Од први увозници на Adidas во Македонија, преку угостителство, градежништво и хотелиерство до енергетика.
Македонија има свои херои во бизнисот и економијата. Јубилеите се повод да се зборува за проектите и постигнувањата на успешните бизнис приказни во нашата земја.
Една таква приказна е БИСИ, која за денешните генерации е докажан бренд во градежништвото, а повозрасните генерации сигурно се сеќаваат на малопродажниот ланец на продавници БИСИ за обувки и спортска опрема. Историјатот на компанијата на семејството Георгиевски, кое е основач на БИСИ е доказ дека кога се има храброст, љубов и план, бизнисот може успешно да се развива во повеќе сектори.
БИСИ е основана на крајот на 80те години од минатиот век, во време кога во Југославија малкумина се осмелиле да започнат приватен бизнис. Тогашните генерации беа сведоци на отворање на продавници на странски брендови со што се отворија и можности за развој на малопродажни објекти за различни производи. Во септември 1989 година, Славка и Иванчо Георгиевски започнуваат сопствен бизнис и БИСИ ја отвора првата продавница за продажба на обувки. Како пионер во малопродажбата во Македонија, каде младите генерации ги купуваа првите Adidas и Nike патики, БИСИ ја започнува својата успешна приказна. Во текот на 90-тите години БИСИ го проширува работењето на десетина продавници низ Скопје и станува синоним за спортски обувки.
Во последните 15 години на чело на БИСИ е Ивица Георгиевски кој фирмата ја трансформира и проширува во македонски бренд за изградба и продажба на премиум станбено-деловни објекти со уникатни градби и дизајн како во светските метрополи.
Покрај градежништвото, Ивица Георгиевски ја формира групацијата ИГ која развива неколку угостителски брендови, а своето работење го шири и во секторот на хотелиерство. Од неодамна нов предизвик за групацијата е инвестирање во производство на енергија од обновливи извори.
Со многу труд, посветеност и тим од високостручни професионални кадри може да се постигне највисоко ниво на квалитет во секоја гранка на економијата, а особено кога главната филозофија на работењето е сé што се прави да има предзнак “премиум”. На овој начин БИСИ и групацијата ИГ кои бројат преку 200 вработени оставаат сопствен белег во Македонија, со тендеција бизнисот да се прошири и надвор од државата.
Признание за успехот на БИСИ и групацијата ИГ е податокот дека во периодот од 2019година до денес истите влегуваат во друштвото на 100-те најуспешни во Македонија.
Јубилејот е повод Георгиевски да најави нови проекти во делот на градежништвото, хотелиерството и енергетиката. Во партнерство со деловните банки, БИСИ и групацијата ИГ ќе инвестираат над 50 милиони евра за изградба на премиум станбен комплекс ЕЛИСИУМ во бруто површина од 50.000м2, изградба на нов луксузен хотел во центарот на Скопје и изградба на четири фотоволтаични централи со вкупен капацитет од 18.5 мегавати.
Ретки се компаниите во нашата земја кои можат да се пофалат со постоење од преку три децении, а 35 годишниот раст и развој на БИСИ е светол и успешен пример достоен за внимание и почит.
ПР-објава
Соопштенија
Компанијата Зегин го отвори својот тренинг центар за обука на вработените
Зегин во рамки на компанијата го отвори својот Тренинг центар за обука на вработените со цел да се подобрат перформансите на вработените, зголеми продуктивноста, како и за полесно и побрзо интегрирање на нововработените .
Тренинг центарот обезбедува структурирана средина каде што вработените можат континуирано да ги развиваат своите вештини и да бидат во тек со најновите трендови и технологии во индустријата. Ова не само што ја подобрува индивидуалната работа, туку ја одржува и компанијата конкурентна.
Нудењето можности за професионален развој им покажува на вработените дека компанијата го цени нивниот раст. Вработените кои се чувствуваат поддржани во развојот на кариерата имаат поголема веројатност да останат лојални на компанијата.
Со тренинг центарот овозможуваме стандардизиран процес на прием, обезбедувајќи за сите нови вработувања да се соодветно запознаени со културата, вредностите и специфичните барања за работа на компанијата.
Редовната обука и развој им помага на вработените поефикасно да ги извршуваат своите улоги. Вработените стануваат покомпетентни, поефикасни и посигурни во своите улоги, што директно влијае на перформансите на компанијата и задоволството на клиентите.
Добро обучените вработени работат поефикасно и прават помалку грешки. Постојаната обука ги охрабрува вработените да размислуваат креативно и да предложуваат нови идеи. Оваа средина поттикнува иновации кои можат да доведат до нови производи, услуги или подобрувања на процесите.
Се радуваме на новите колеги кои ќе учествуваат во унапредување на квалитетот на животот на сите наши клиенти а воедно се заблaгoдаруваме на сите останати вработени кои тоа го прават секојдневно.
ПР текст