Свет
Сведоштва за разорниот земјотрес во Мароко: „Земјата се тресеше околу 20 секунди, луѓето викаа, сите се плашат да спијат“

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Мароко, при што загинаа над 600 лица.
Уништени се згради, а жителите ги напуштија своите домови.
Бројот на повредени е 329, објавија државните медиуми. Локален функционер претходно изјави дека повеќето од смртните случаи се во планински области кои се тешко достапни.
Монтасир Итри, жител на планинското село Асни во близина на епицентарот, рече дека повеќето од куќите таму се оштетени.
„Нашите соседи се под урнатините и луѓето напорно работат да ги спасат користејќи ги расположливите ресурси во селото“, рече тој.
Понатаму на запад, во близина на Тарудант, учителот Хамид Афкар рече дека побегнал од својата куќа и ги почувствувал последователните потреси.
„Земјата се тресеше околу 20 секунди. Вратата сама се отвораше и затвораше додека јас набрзина слегов од вториот кат“, рече тој.
„Луѓето викаа, сите се плашат да спијат“, раскажа друг сведок на силниот потрес.
Игил, планинска област со мали села, се наоѓа на околу 70 километри југозападно од Маракеш. Земјотресот се случи во петокот нешто по 23 часот.Тоа е најсмртоносниот земјотрес во Мароко по земјотресот во 2004 година кај Ал Хосеима во северните планини Риф, во кој загинаа повеќе од 600 луѓе.
Жителите на Маракеш, најблискиот голем град до епицентарот, изјавија дека некои згради се урнале во стариот град, што е светско наследство на УНЕСКО. Локалната телевизија прикажа слики од срушеното минаре на џамијата со остатоци што лежат врз згмечените автомобили.
Министерството за внатрешни работи повика на смиреност,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Поради една грешка прекрасната Миа (23) доби доживотен затвор во Дубаи

Веста за 23-годишната Миа О’Брајан од Ливерпул ја потресе Велика Британија. Миа беше осудена на доживотен затвор во Дубаи и моментално е сместена во затворот Ал-Авир, кој некогаш се нарекуваше „Алкатраз на Дубаи“.
Според британските медиуми, Ал-Авир е познат по своите сурови услови, поранешни затвореници пријавиле тортура со електрични шокови, сексуална злоупотреба и одбивање на лекови.
„Една глупава грешка“
Приказната ја откри скршената мајка на Миа, Даниел Макена, која се обиде да собере пари за правна помош преку страницата „GoFundMe“. Мајката вели дека Миа, која студирала право, „паднала под влијание на погрешни луѓе“ и направила „една глупава грешка“ што довело до нејзино апсење минатиот октомври. Семејството сè уште не објавило за кое кривично дело е осудена.
Во Обединетите Арапски Емирати, доживотни казни затвор можат да се изречат за различни кривични дела, вклучувајќи трговија со дрога, убиство, обид за убиство, трговија со луѓе или тероризам.
Затворот Ал-Авир
Миа е задржана во централниот дел од затворот Ал-Авир, каде што мажите и жените се одделени при влегувањето. Жените се задржани во едно од четирите одделни крила.
Карл Вилијамс, кој беше затворен во 2012 година, опиша убиства меѓу затворениците и тортура со електрични шокови. Други поранешни затвореници рекоа дека затворениците биле принудени да потпишуваат документи со пиштол.
„Хјуман рајтс воч“ известува дека на најмалку четири ХИВ-позитивни затвореници им е одбиен третман до пет месеци, а имало и случаи на тортура и злоупотреба на постари и помлади затвореници. Властите во Дубаи ги негираат сите обвинувања.
Што може да очекува Миа?
Затворениците треба да добијат душек, ќебе и перница, но често има доцнења во нивното доставување. Семејните посети се дозволени еднаш неделно, но можат да се откажат без претходна најава, а телефонските повици мора да бидат одобрени од чуварите.
Свет
(Видео) Од цревото за гориво направил пламенофрлач и се обидел да ги запали работниците на пумпата

Безбедносните камери на бензинска пумпа во Фагет, која се наоѓа на околу еден час оддалеченост од Темишвар, снимиле пијан маж како запалува црево за точење гориво, со што создава импровизиран пламенофрлач, а потоа го насочува кон работниците на пумпата и го „пушта“ огнот.
Неговите постапки предизвикале пожар кој можел да има многу посериозни последици. Работниците на пумпата го изгаснале пожарот со противпожарен апарат.
За време на инцидентот, мажот фрлил запалено гориво кон еден од вработените, предизвикувајќи му изгореници. По нападот, осомничениот го напуштил местото на настанот и се скрил во блиската зграда.
IMAGINI ȘOCANTE Un bărbat a incendiat o pompă de alimentare a unei benzinării din Făget, Timiș https://t.co/nBadmV6Uf4 pic.twitter.com/SPcydGwQ9s
— TVR Info (@StirileTVR) September 6, 2025
Ја скршил влезната врата и се забарикадирал на третиот кат, каде што го пронашла полицијата. Лицето е приведено и му е одреден притвор од 30 дена.
Против него е покрената кривична постапка за палење, уништување со палење, уништување на имот, предизвикување телесни повреди и други форми на насилство и нарушување на јавниот ред.
Канцеларијата на окружниот суд ја прошири истрагата за да вклучи и обид за тешко убиство.
Регион
Вучиќ бесен на Европските зелени: Олош сте, ќе одговарате пред законот на Србија!

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати жестоки критики кон Европската зелена партија, обвинувајќи ја дека стои зад насилствата на протестите во Нови Сад.
„Одете, уништете ги вашите земји. Не ја уништувајте Србија. Вие сте олош. И не сте ни олош, полоши сте од тоа. Тоа е сè што имам да ви кажам. Дали се плашиме? Ни најмалку. Ја почитувам Урсула фон дер Лајен. Го почитувам Антонио Кошта. На ова ѓубре, олош, од Европската зелена партија, најлошиот олош во Европа што дојде во Нови Сад вчера за да го поддржи ова насилство, ќе бидат гонети во согласност со законите на Република Србија“, изјави Вучиќ.
Тој се осврна и на бројките од протестите, нагласувајќи дека низ цела Србија излегле помалку од 10.000 луѓе, додека најмногу имало во Нови Сад.
„9.380 луѓе биле низ цела Србија на митинзи против владата, од кои 7.020 биле во Нови Сад, според бројките на Министерството за внатрешни работи. И насекаде беше мирно, без инциденти, освен во Нови Сад. Полицијата им дозволи да ги тепаат со пиротехнички средства, стапови и камења цели 12 минути. Дури тогаш полицијата реагираше“, рече Вучиќ.
Претседателот предупреди дека ситуацијата во Нови Сад ескалирала и поради присуството на европратеници, кои, според него, сакале да ја нарушат стабилноста на Србија.
„Некои се обидоа со фантомки и шлемови да ги окупираат просториите на Филозофскиот факултет, но не успеаја“, нагласи Вучиќ.
Тој додаде дека српската полиција постапила строго професионално, но дека во инцидентите биле повредени 11 припадници на МВР.