Македонија
(Видео) Стоилковски: 10 дена нема ништо, дали Онкологија ќе заврши како модуларна и Беса транс
10 дена грозоморието на Онкологија ја тресе државата, а нема никаков резултат. Мафијата си оди на работа веќе 10 дена, КАТО системот се уште стои исклучен, 10 дена доктори, сестри, вмешани, може да повторат делото, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Десет дена се кријат имињата, се остава да се влијае врз случајот, се остава да се забошоти случајот, да се избрише во времето, да се остави да се влијае врз докази и да се заплашат сведоци.
10 дена нема ништо, сакаат случајот Онкологија да заврши како што заврши случајот со модуларната или со Беса транс, без вистинско решение.
10 дена само празни флоскули за правда затоа што одговорноста лежи кај партиските кадри избрани да спроведуваат партиски насоки.
И во овие 10 дена грозоморниот криминал, можеби уште тече на Онкологија!?
Власта, СДС, ДУИ, нивните сателити, имаат јасна одговорност за исклучувањето на КАТО системот, одговорност за мафијашка структура на Онкологија за кражба на лекови, одговорност за учество во трговија со лекови на црниот пазар, одговорност за кратење на лекови на пациенти, одговорност за лажни списоци на пациенти, одговорност на директор кој што извадил лажна дијагноза за член од семејство, одговорност за враќање на работа на лице фатено во кражба на цитостатици на Онкологија, и се што се не плус.
И со тоа, одговорност како лица од оваа структура се уште се дел од Онкологија – универзитетска клиника!?
Направена е штета на буџетот – скапи лекови и терапии не завршуваат кај пациенти, туку се крадени и препродавани, направена е грозоморна штета врз пациентите – не ја добивале потребната препишана терапија, биле лажени за тоа, барани се пари за лекови кои што државата ги купила од буџет!
Неказнивоста на грозоморен криминал креира ново криминално грозоморие!
Нема вистинска разрешница за пожарот во модуларната болница.
Нема разрешница за Беса транс, нема за Ласкарци, нема за вадени органи во нелегална ординација…
А, зад се ова стои СДС, ДУИ, нивни сателити, спонзори, партнери во криминалот!
Одговорност мора да има, и ќе има по смена на власта!“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

