Македонија
Вечерва, нов протест за криминалот на Онкологија: ОЈО да излезе со детали од истрагата во рок од една недела
Денеска, со почеток во 18 часот, пред Владата, граѓаните повторно ќе излезат на протест за случајот со кражбата на лекови на Клиниката за онкологија.
Ова ќе биде втор протест по објавите на неделникот „Фокус“ дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогените заболувања завршувале на црниот пазар.
Организаторите преку социјалните мрежи повторно повикуваат на протест пред Владата, каде што велат дека ќе ги искажат гневот и револтот против криминалот што со години се толерирал на Клиниката за онкологија.
Оттаму протестот ќе продолжи пред зградата на ОЈО, каде што ќе се бара судска разрешница за сите инволвирани во скандалот на Клиниката на онкологија.
„Нашите барања и ултиматум од овој протест се: ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела; истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и на директорот Нино Васев; проширување на истрагата на работата на детската онкологија; целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија; правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија; вклучување онколошки пациенти, кои ќе имаат увид во самата истрага“, порачаа организаторите.
Апелираат до сите онколошки пациенти да стапат во контакт со нив за своите искуства за да придонесат во целосно разоткривање и одговорност на сите инволвирани во скандалозното работење на Клиниката за онкологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

