Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна несреќа кај граничниот премин Пелинце, со „ауди“ излетале надвор од коловозот
Вчера, во 7.30 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат село Младо Нагоричане – граничен премин Пелинце, во атарот на селото Алгуња, општина Старо Нагоричане, патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Г. П. од Скопје, излетало надвор од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката, 20-годишната М. П. од Скопје, а телесни повреди добил возачот, констатирани во Општата болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени четворица кумановци: краделе од приватен имот и одзеле домашни животни
Вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ѓ.С.(32) и С.Б.(27), двајцата од Куманово.
Тие се сомничат дека на 21.07.2024 одзеле предмети од приватен имот во Куманово.
Исто така, на 19.09.2024 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Р.(31) и Е.И.(34), двајцата од Куманово, затоа што од приватен имот во кумановско одзеле домашни животни.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Мотоциклист излетал од патот во Струмичко, добил тешки повреди
Синоќа во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Робово и Муртино, струмичко, Р.П.(36) од село Владевци, струмичко, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Ограбена аптека во Ново Лисиче, разбојникот уапсен веднаш по грабежот
Вчера, во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот Б. П. од населба Илинден, Скопје, извести МВР.
„Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во аптека во населба Ново Лисиче со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет. Пиштолот бил пронајден и одземен, а биле пронајдени и парите и биле вратени на сопственикот“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.