Македонија
(Видео) Стоилковски: Владата плаќа рекордни 26 милиони долари за софтверски лиценци, а нема за лекови и учебници
„Не минува ден без нови скандали и афери во продукција на Владата на ДУИ и СДС. Омилените фирми на Владата, претходно фаворизирани од Драги Рашковски како генерален секретар на Владата, повторно добија тендер за софтверски лиценци во вредност од над 26 милиони долари! На 1 септември потпишан е договор помеѓу Владата, во чие име потпишува генералниот секретар Методија Димовски, и фирмата „Аитоникс“ од Скопје, а веќе на 5 септември овој договор е влезен во сила“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој договор е за софтверски лиценци и со пресметан ДДВ тежи 26 милиони 429 илјади и 350 долари.
Не може да не се напомене дека овој договор од над вртоглави 26 милиони долари за софтверски лиценци е последователен за истата фирма која во 2020 година склучи договор со Драги Рашковски токму пред неговото заминување од местото генерален секретар на Владата, исто така на три години, со тогаш рекордни 15 милиони евра за софтверски лиценци за администрацијата! Тендер што не мина без скандал, односно со повторена постапка и со избришани претходни поставени услови?
Исто како и претходно, за да нема нови тендери, Владата договорила само да плаќа фактури во следните три години, пракса што се спроведува во сите институции со склучување т.н. рамковни договори.
Се поставува прашањето како е можно договор за лиценци, кој пред 3 години вредел 15 милиони евра, сега да тежи над 26 милиони долари?
Во кој дел Владата во овие три години го напреднала работењето, услугите на администрацијата, за сега за лиценци и компјутерски програми да плаќа дури 26 милиони долари, односно дури 9 милиони евра повеќе?
И можеби најважното, како е дојдено фирмата потписник со Драги Рашковски во пресрет на избори да склучува договор со Владата на три години со рекордна цена од над 26 милиони долари?
Нема за лекови, нема за учебници, нема за пензии, нема за плати, ама на 1 септември Владата има 26 милиони долари за лиценци за софтвери“, соопшти Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

