Црна хроника
Приведено лице од Чучер Сандево, пронајдени две товарни возила со огревно дрво без документација
Вчера, во 18.40 часот, кај местото наречено Две Реки на Скопска Црна Гора, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи „Север“, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Мирковци, го лишиле од слобода 47-годишниот С. А. од село Брест, општина Чучер Сандево, извести МВР.
„Имено, на наведеното место тој бил затекнат во непосредна близина на товарно возило ‘мерцедес’, со тетовски регистарски ознаки, и товарно возило ‘фиат’, со скопски регистарски ознаки, кои биле натоварени со огревно дрво без жиг и без соодветна документација за транспорт“, соопшти МВР.
За настанот било известено Јавното претпријатие „Национални шуми“, а лицето и возилата биле предадени во Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против С. А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист излетал од патот во Струмичко, се здобил со тешки повреди
Синоќа во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Робово и Муртино, струмичко, Р.П.(36) од село Владевци, струмичко, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Ограбена аптека во Ново Лисиче, разбојникот уапсен веднаш по грабежот
Вчера, во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот Б. П. од населба Илинден, Скопје, извести МВР.
„Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во аптека во населба Ново Лисиче со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет. Пиштолот бил пронајден и одземен, а биле пронајдени и парите и биле вратени на сопственикот“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Гостиварец измамен за сума од 760 евра: преку социјалните мрежи собирал пари за лекување во странство
Вчера во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра.
Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да уплати 760 евра бидејќи таква била процедурата.
Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.