Македонија
Превентивни активности на полицијата за заштита од имотни деликти, пожари, како и за побезбеден сообраќај

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјата на секторите за внатрешни работи Битола, Штип и Велес, полициски службеници од овие организациски единици при МВР реализираа низа превентивни активности од областите на заштитата на шумите од пожари, имотните деликти и безбедноста во сообраќајот, извести МВР.
„Така, на подрачјето на СВР Битола, односно во Прилеп, Ресен, Крушево и Кривогаштани, беа спроведени превентивни активности од областа на имотните деликти, а во врска со кампањата тематски со наслов ‘Полицијата и граѓаните заедно’, под мотото ‘Безбедна заедница, мирна заедница’“, соопшти МВР.
„И на подрачјето на СВР Штип, поточно на повеќе локации во Штип, полициски службеници реализираа средби и разговори со граѓани на тема ‘Безбедноста на граѓаните – наша обврска’. Отсекот за превенција при СВР Велес, пак, на магистралниот пат Градско – Прилеп своите активности ги насочи кон сообраќајната безбедност преку разговори и укажувања на граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи по однос на задолжителното користење на сигурносните појаси и приспособувањето на брзината на движење“, се додава во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Франце Прешерн, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев, општина Аеродром.
Македонија
Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Од денеска до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без промени.
Македонија
(Фото) Успешна евакуација на повредено лице со хеликоптер на Армијата

Вчера, во попладневните часови, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија, поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер од вВИНГ, на лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина.
Повреденото лице, при падот, се здобило со скршеници на раката, ногата и колкот, како и со обилно крварење, поради што било во критична состојба. На лице место интервенираше екипаж- тим на парамедици, кои и покрај непристапниот терен успешно го извлекоа и имобилизираа повредениот.
„Армијата во координација со ЦУК и здравствените установи изврши успешна медицинска евакуација и го предаде повреденото лице на екипа од итната медицинска помош, по што истото беше транспортирано на понатамошен болнички третман.
Армијата на Република Северна Македонија, заедно со останатите институции во државата продолжува да дејствува во интерес на граѓаните, обезбедувајќи навремена и професионална поддршка“, се наведува во соопштението на Генералштабот на Армијата