Македонија
Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик власта се подготвува за опозиција
При денешната посета на Свети Николе, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што власта вели дека новите измени на Кривичниот законик се следење на европските регулативи, истакна дека власта на тој начин се подготвува за опозиција, но идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера сериозно да ги истражи сите основани сомненија за сторен криминал изминатите шест години и да ги изведе пред лицето на правдата политичките криминалци.
„Се подготвуваат за опозиција, мислат дека на тој начин ќе бидат амнестирани за целиот криминал што го правеле изминативе години, но мојата порака до нив и до сите оние што се надеваат дека на овој начин се спасиле, од која било власт, повторувам, од која било власт, се лажат. Едно се политичкиот прогон и политичките случаи, друго е евидентниот криминал што се случува изминативе шест години. Така што, неколкупати повторивме и со златно знаме да го изгласаат, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера многу сериозно да ги истражи сите основани сомненија за сторен криминал изминатите шест години и да ги изведе пред лицето на правдата политичките криминалци, кои на маката на народот се богателе изминатите шест години. Така што, нема каде да се скријат ако мислат дека на овој начин ќе бидат амнестирани за злоделата и криминалот што го правеа изминатите шест години“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

