Македонија
Дрисла: Медицински отпад не се складира ниту се остава на отворено
ЈП депонија Дрисла најостро ги демантира лагите објавени на социјалните мрежи и дел од порталите за несоодветно третирање на медицински отпад дополнето со скандалозни фотографии кои не се од депонијата Дрисла.
„ЈП Дрисла не произведува отпад, додека медицински отпад од клинички центар се доставува со специјални возила во посебна постапка. Медицински отпад не се складира ниту се остава на отворено, туку истиот ден се внесува во автоклав каде се третира. До него имаат пристап исклучиво обучени вработени од претпријатието, а со тоа што не се остава на отворено немаат до истиот пристап кучиња или други животни.
Објавените фотографии не се од ЈП Дрисла и не може да дозволиме фалсификување на ваков вид скандал, кој ги загрозува здравствените институции и самото претпријатие, чии 200 вработени секојдневно работат на соодветно третирање на отпадот и на единствената санитарна депонија со А – еколошка дозвола која има единствена цел заштита на граѓаните.
ЈП депонија Дрисла АПЕЛИРА правото и слобода на говорот, правото за јавно собирање и протест да не се злоупотребува како инструмент на политички и лични интереси и за свесно ширење на лаги и дезинформации. Користење на животната средина и здравјето на луѓето како адут за остварување на сопствени политички цели на политички опции кои во ова гледаат единствен начин да покренат поширока маса луѓе, и со лаги да го поткопаат и деградираат законското работење на претпријатието е неприфатливо.
Против лицата кои шират лаги и кои објавуваат дезинформации со фалсификувани фотографии, кои сеат страв и паника без докази, од страна на претпријатието ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Воедно ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство детално да ги истражат овие сериозни дела кои ги доведуваат во заблуда и шират паника меѓу граѓаните, со цел конечно да се стави крај на ваквите манипулации кои се ставаат во функција на политиката“, велат од Дрисла.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

