Свет
Ким Џонг-ун доби подароци во Русија, Западот вознемирен
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби подарок панцир и дронови „камикаѕе“ на крајот од посетата на Русија, што го алармира Западот за потенцијалната воена соработка меѓу Москва и Пјонгјанг.
Тој доби подарок пет дрона „камикаѕе“ и извидувачки дрон од регионалниот гувернер по посетата на изложбата на оружје и воена опрема во Владивосток, на рускиот Далечен Исток.
„Овој дрон може да полета и да слета на кој било мал затворен простор. Не му треба платформа за слетување. Ви го подаруваме. Вашите момци може слободно да го прегледаат уредот, ние сме подготвени да обезбедиме“, му рече гувернерот на регионот Приморје, Олег Кожемјако, на Ким Џонг-ун.
На снимката објавена од руската државна новинска агенција РИА се гледа како Ким оди по црвениот тепих кон возот во далечниот руски град Артјом со звуците на воен бенд и мавта кон толпата. Артјом е 254 километри од станицата Хасан на руската граница со Северна Кореја.
Посетата на Русија на севернокорејскиот лидер, кој ретко ја напушта својата земја, означува нов врв на пријателство, солидарност и соработка во историјата на развојот на односите меѓу Северна Кореја и Русија, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва сака да развие рамноправна и фер соработка со Северна Кореја и покрај санкциите наметнати на Пјонгјанг од страна на Советот за безбедност на ОН.
„Ние не воведовме санкции за Северна Кореја, Советот за безбедност го направи тоа. Затоа стапете во контакт со Советот за безбедност и ќе развиеме еднаква и правична соработка со Северна Кореја“, рече Лавров во интервју за државната телевизија, чии делови беа објавени во медиумите.
Кремљ објави дека се придржува до санкциите на ОН, но во исто време има право да развива добрососедски односи, кои ги вклучуваат и оние поврзани со чувствителни теми.
Соединетите Американски Држави и сојузниците се загрижени за затоплувањето на воените врски меѓу двата соседа додека Русија ја продолжува својата инвазија на Украина, а Северна Кореја, изолирана комунистичка држава, продолжува да развива нуклеарни проектили и планови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Свет
Русија нудела размена на Венецуела за Украина, тврди поранешна советничка на Трамп
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“.
Фиона Хил, тогашна главна советничка на Белата куќа за Русија, ги изнела овие детали за време на сведочењето пред Конгресот во ноември 2019 година, во рамки на истрагата за импичментот на претседателот Трамп. Според неа, Кремљ во април истата година ја изнел можноста да се откаже од своето влијание во Венецуела, во замена за целосна контрола над Украина.
Руски функционери, како што навела Хил, „многу силно сигнализирале дека сакаат некако да направат многу чуден договор за размена меѓу Венецуела и Украина“. Иако предлозите од Москва биле „неформални“, пораката била недвосмислена: „Знаете, вие ја имате вашата Монро доктрина. Нè сакате надвор од вашиот двор. Па, знаете, и ние имаме наша верзија на тоа. Вие сте во нашиот двор во Украина“. Хил додала дека била испратена во Русија за да го отфрли тој предлог.
Свет
Би-би-си: Европските лидери стравуваат да не ја изгубат поддршката на Трамп поради Гренланд
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи од губење на американската поддршка. По заедничка изјава на шест европски земји дека иднината на Гренланд треба да се решава колективно во рамки на НАТО и дека одлуката ѝ припаѓа на Данска, Белата куќа возврати дека „разгледува низа опции“, вклучително и купување на островот.
Дополнителна загриженост предизвика изјавата дека употребата на американската војска „секогаш е опција“. Европските лидери предупредуваат дека ваквите закани ја доведуваат во прашање довербата во трансатлантскиот сојуз и ја откриваат слабоста и поделеноста на Европа. Според експерти, ситуацијата околу Гренланд претставува сериозен тест за ЕУ и егзистенцијална дилема за НАТО.
Фото: Depositphotos

