Забава
Девојката на Канје Вест во необична креација на моден настан во Лондон
Раперот Канје Вест и неговата партнерка Бјанка Ценсори не престануваат да ја изненадуваат јавноста.
По неодамнешните скандали во Италија, нивни фотографии направени на Модната недела во Лондон го преплавија интернетот. Настанот на кој се појавија е во рамките на Лондонската модна недела (LFW).
Бјанка (28) пристигна во плетено боди, а на главата има голема бела перика со реси, кои ѝ ги покриваат очите. Канје (46) е облечен во црно, со маица преку главата.
Инаку, поради прилично провокативните модни изданија на Бјанка во текот на нивниот престој во Италија неодамна, локалните жители ја пријавија во полиција. Бјанка, всушност, шетала без градник во тесен проѕирен костим, а во некои моменти ги покривала голите брадавици со црна чанта врз телото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Крунисана нова мис на САД откога претходната победничка се откажа од победата
Првата второпласирана мис на САД за 2023 година, Савана Ганкиевич од Хаваи, стана новата победничка на натпреварот повеќе од една недела откога претходната мис поднесе оставка поради менталното здравје.
Ганкиевич, која води непрофитна организација, ќе ја држи титулата до следниот натпревар во август.
„Подготвена сум да имам позитивно влијание со оваа организација што ја сакам“, рече Ганкиевич за време на церемонијата на крунисувањето на Хаваите.
Забава
Манекенка поминала низ скенер на аеродром: цариниците не можеле да поверуваат што има во нејзината глава
Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродромот, па решила да им ги открие деталите на своите обожаватели.
Фанг Киуан (36) е самопрогласен фанатик за пластична хирургија со повеќе од 19 операции, а нејзината објава собра 1,3 милион прегледи.
Фанг потрошила над 250.000 долари на разни естетски зафати, вклучувајќи две операции на челото, пет на очните капаци, исто толку на носот, две на брадата…
Неодамна поминала низ скенер на аеродром кога машината засвирела. Не ѝ било јасно што се случува додека не било утврдено дека има неколку туѓи предмети во главата, пренесува „Њујорк пост“.
View this post on Instagram
Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред осум години. Но, тоа не било сѐ.
„На видеото се гледаат и завртките во носот“, рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду-кукла“.
Нејзините фанови останаа шокирани од фотографиите што ги објави на „Инстаграм“.
„Ова е тешко за гледање“, напиша еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.
Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.
Забава
Отворен Канскиот филмски фестивал, Мерил Стрип доби почесна награда
Канскиот филмски фестивал официјално почна во вторникот вечерта кога познатите личности прошетаа на црвениот тепих во раскошниот Гранд театар „Лумиер“ за да ѝ оддадат почит на холивудската актерка Мерил Стрип, на која ѝ беше врачена почесната „Златна палма“.
На актерската екипа на француската комедија и на отворањето на фестивалот се придружи и годинешното жири предводено од режисерката Грета Гервиг.
Публиката со овации ја поздрави добитничката на почесното признание Мерил Стрип, а на сцената ја поздрави француската актерка Жилиет Бинош.
„Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во филмскиот свет“, рече Бинош. Стрип, чија долга листа на филмови ги вклучува Death Suits Her, Mamma Mia! и „Железната дама“, наведе многубројни луѓе на кои сакаше да им се заблагодари.