Македонија
(Видео) Стоилковски ја повика антикорупциската: „Колега на Ковачевски зема 40 милиони евра од Владата“

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет за лиценците.
„Веќе 10 дена чекаме ДКСК да пројави интересирање како е можно 40 милиони евра да се даваат за лиценци на фирма во која доминира колега на премиерот, па ДКСК да одговори дали тоа не е основа за сомнеж за корупција? Очекуваме ДКСК да се произнесе и за првиот и за вториот тендер за оваа фирма, односно зошто е направен тендер на 15 милиони евра, со намалени услови пред 3 години? И веднаш потоа, по неполни 3 години, за истите услуги, 25 милиони евра, односно 10 милиони евра повеќе?“, рече Столковски.
Опозициската партија очекува ДКСК да отвори предмет и во најкус рок да се изјасни за скандалот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето.