Македонија
Пендаровски да соопшти јавно кој му барал амнестија за мене, порача Груевски
Експремиерот Никола Груевски тврди дека од никого не побарал амнестија за него кај актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Груевски го повика Пендаровски јавно да соопшти кој му барал амнестија. Ако тоа се случи и ако тоа воопшто било така, вели Груевски, потоа споменатите лица би ги замолил јавно да кажат и покажат дали е тоа точно и доколку е точно, дали тој побарал од нив да бараат амнестија за него кај Пендаровски.
Груевски се осврна и на измените на Кривичниот законик коментирајќи дека има многу шпекулации дека бил правен заради него.
„Од многу монтирани предмети против мене, ова ќе има ефект во само еден предмет, во смисла на негова целосна елиминација. Тоа е предметот ТНТ, кој во нормална држава немаше да се случи, туку сопственикот на дивоградбата докажана со 30 судски одлуки ќе одеше во затвор“, вели Груевски додавајќи дека секој човек кој размислува со своја глава ќе констатира дека од 7, 8 или 9, како што вели, политички мотивирани предмети, кои, ако имало нормално обвинителство и власт, немало ни да почнат, ако еден судски предмет се намали, нему не му менува многу.
Груевски тврди дека немало никакви тајни средби за Кривичниот законик, на кои тој учествувал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

