Македонија
Богоев од царинска испостава Аеродром: Поефикасно менаџирање на пратките со мала вредност со цел сузбивање на сивата економија
Поефикасно менаџирање и поголема контрола на пратките со мала вредност на царинската испостава на аеродромот во Скопје кои ги пренесуваат брзите пошти, со цел намалување на сивата економија е еден од приоритетите за коишто се разговараше при денешната посета на директорот Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани на царинска испостава Аеродром – Скопје.
Директорот Стефан Богоев на средбата ги истакна заложбите Царинската управа да прерасне во ефикасна институција, преку посветеност на царинските службеници при извршување на своите задачи во насока на намалување на сивата економија, заштита на финансиските интереси на државата и безбедност на општеството, како и заедничките заложби за спречување на корупцијата, како еден од најголемите приоритети на Управата.

За седум месеци, од јануари до јули оваа година, на Царинска испостава Аеродром се обработени околу 105 илјади царински декларации за увоз и извоз, а низ царинска контрола поминале 1,5 милиони патници.
Директорот Богоев ги истакна позитивните резултати од работата на царинските службеници во спроведените акции годинава, посочувајќи ги заплените на 43 килограми златен накит, стари монети со проценета вредност од над 2,3 милиони денари, девизи во вредност од 90 илјади евра, како и обврзници со номинална вредност од 92 милиони долари, кои во моментов се предмет на финансиска истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

