Македонија
ЦУК: Викендов вкупно 71 пожар, сите се изгаснати
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/pozar-bogdanci-dojran-2.jpg)
Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 45 пожари и сите се изгаснати, известува Центарот за управување со кризи.
Како што соопштува ЦУК, вкупно викендов имало 71 пожар, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана шума и борова шума и депонии, во речиси сите општини.
Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи, противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, а и со поддршка на летала на ДЗС и на МВР, ги изгаснале сите пожари на отворено што гореа овој викенд и беа опасност за граѓаните, материјалните и природните добра во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Платформата за родова еднаквост за двојното убиство во Кратово: Станува збор за самоодбрана
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/policija-3-269627.jpg)
Платформата за родова еднаквост реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, која е жртва на семејно насилство.
„Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство со умисла“, како што тврди Јавното обвинителство во своето соопштение. Крајно парадоксално е што жртвата на семејно насилство сега е гонета од Јавното обвинителство како извршителка на семејно насилство. Имено, според соопштението на самото Јавно обвинителство Куманово се вели: „При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место.“, велат оттаму и додаваат:
„Оттука произлегува дека осомничената В.И. од Кратово самата била жртва на семејно насилство. Постапувањето на Јавното обвинителство многу наликува на случајот на Пале Иловска од Велес која исто така беше долгогодишна жртва на семејно насилство и како акт на самоодбрана го уби насилникот. Слично, како во овој случај и неа Обвинителството ја гонеше за „убиство на миг“. Судот тогаш правилно донесе ослободителна пресуда“.
Платформата за родова еднаквост бара Судот да постапува со должно внимание во овој предмет и да ги разгледа сите решителни факти. Иако судската пракса не е задолжителна, бараме Судот да ги земе предвид принципите утврдени со ослободителната одлука во случајот на Пале.
„Особено, треба да се има предвид историјата на насилството и малтретирање врз жртвата В.И. и да се земе предвид дека и децата биле жртви на семејно насилство, како и институционалниот пропуст да ја заштитат жртвата, оставајќи ја сама да се брани. Ова не е прв случај кога жените што претрпеле семејно насилство не само што не биле заштитени од страна на надлежните институции, туку истовремено и самите биле пријавувани и третирани како сторители на семејно насилство. Бараме ова да биде последен случај на погрешно третирање на семејното насилство и повикување на одговорност на жените кои се најмногу погодени од насилството, вклучително и од отсуството на навремена и соодветна реакција од институциите. Платформата за родова еднаквост ќе се обрати до Центарот за социјална работи и до полицијата за да се утврди зошто и како настанал пропуст во овој случај и дополнително ќе го следиме постапувањето на надлежните институции. Понатамошното постапување на правосудните органи во овој случај несомнено ќе го одрази и нивото на општествена свест, во што голем удел имаат и медиумите кои мора да известуваат согласно етичките стандарди и да внимаваат да не придонесуваат за двојна виктимизација. Тоа ќе придонесе и за охрабрување на жртвите за пријавување на насилство врз жените и семејно насилство“, велат од платформата за родова еднаквост.
Адвокатот Јанаки Митровски на својот профилн на Фејсбук се огласи за случајот во Кратово.
„Жената во Кратово не уби, се бранеше. Ако некој го знае семејството нека ме контактираат“, посочи тој.
Македонија
Од четврток почнува електронското пријавување за упис во средно образование, ќе трае до 25 јуни
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/mladi-kompjuter.jpg)
Првото електронско пријавување за упис во средното образование за 2024/2025 ќе се одржи од 20 до 25 јуни до 15 часот. Второто пријавување ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот.
Од четврток (20 јуни) до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот.
Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за образование и наука и оваа година овозможи електронско аплицирање. Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на МОН (https://e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Од МОН појаснија дека регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.
“Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава”, посочи МОН.
Македонија
Мицкоски треба денес да го достави предлогот за состав на влада до Собранието
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mickoski-3.jpg)
Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина работа.
Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.
Мандатарот во неделата ги предложи досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска. За заменик претседател на Владата и министер за транспорт партискиот потпретседател е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николовски, во ресоротот одбрана Владо Мисајловски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски.
Мицкоски кажа дека нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше СДСМ, ниту пак неговиот албански коалициски партнер ВРЕДИ да стане како ДУИ.