Македонија
(Видео) Стоилковски: Дали Артан Груби ја уортачи Македонија со бугарски мафијаш, кој се наоѓа во притвор?
„Веднаш на почеток, постои ли договор којшто Лотарија на Македонија го потпишала со бугарска компанија за онлајн коцкање? Дали тоа е компанијата 7777.бг, клон на четирите осмици на бугарското подземје? Дали Артан Груби го заобиколи законот, со тоа што Владата со негов потпис донела Одлука за три фирми за коцкање, затоа што Лотарија така одлучила? И уште едно прашање, со однапред општопознат одговор, дали директор на Лотарија, и прв на УО на Лотарија, е шефот на кабинет на Артан Груби, Перпарим Бајрами“, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова се фактите, Артан Груби речиси две години се обидува да го смени законот за игри на среќа во Собранието, еднаш се обиде со европско знаменце, не успеа, потоа со автентично толкување кое што не заврши во Собранието.
И додека Македонија тоне во сиромаштија и се крадат лекови од болни, Артан Груби преку неговиот шеф на кабинетот, со популарен „дупли пас“ дозволува три нови лиценци за коцкање во Македонија. Тоа е ова Одлука на Владата со потпис на Артан Груби каде што се вели дека со оваа Одлука се одобрува работењето на Управниот одбор на Акционерското друштво за приредување на игри на среќа на државна Лотарија на Република Македонија, во врска со донесувањето на Одлуката за отпочнување на постапка за основање на три нови друштва за приредување на интернет игри на среќа.
По оваа Одлука, Лотарија објавува оглас во Сл. Весник, на 11-ти септември, број 189, страница 12, на којшто се дава фоторобот на фирмата.
8888.бг, е позната како онлајн казино, коцкарница на бугарското подземје, водена од Черепот.
Клон на оваа фирма е онлајн коцкарницата 7777.бг, водена од истите луѓе, истата платформа, истата структура, само друга страница на 8888.бг.
Васил Бошков, Черепот, според Блумберг, е во домашен притвор во Бугарија. И тука во Блумберг е опишан како коцкарски могул и олигарх поврзан со подземјето.
И оттука, многу е важно да се покаже, дали Лотарија на Македонија, дали Груби преку неговиот шеф на кабинетот, Македонија ја уортачил со бугарски мафијаш, коцкарски могул, притворен во Бугарија?
Македонија тоне во сиромаштија, секојдневно се штрајкува и протестира, се крадат лекови од болни со канцер, ама Артан Груби тера подземни бизниси! Лотарија е државна фирма и овој документ за партнерство не може да остане таен“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

