Забава
Анџелина Џоли не се чувствува своја веќе цела деценија

Анџелина Џоли чувствува дека е во преоден период од животот и признава дека сè уште се бори да пронајде сопствено чувство за стил.
Во интервју за магазинот „Вог“, 48-годишната оскаровка, која беше во брак со Бред Пит од 2014 до 2019 година, изјави: „Откако поминав низ нешто што ме повреди, мојот терапевт ме праша дали ќе се обидам да облечам лелеава облека. Звучи глупаво, но претпоставував дека панталоните и чизмите проектираат потврд изглед, посилна јас“.
„Но, дали бев доволно силна за да бидам мека? Во тоа време – не. Се чувствував ранливо. Сега се прашувам дали знам кој е мојот стил бидејќи сè уште се обидувам да сфатам која сум на 48 години. Претпоставувам дека сум во транзиција како личност“.
„Деновиве се чувствувам малку потиштено. Цела деценија не се чувствувам како да сум јас, и тоа на начин во кој не сакам да навлегувам“.
Анџелина откри и дека сè уште минува низ процес на заздравување.
Во меѓувреме, Анџелина исто така призна дека мајчинството ѝ го променило животот.
„Имав 26 години кога станав мајка. Целиот мој живот се промени. Имањето деца ме спаси – и ме научи да бидам поинаква во овој свет“, вели таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Има многу холивудски шмекери, но само еден е вистински

И додека светот копнее по Бред Пит, Педро Паскал или Џејсон Момоа, само малкумина ќе се сетат на едно име кое е синоним за стариот холивудски шарм.
Станува збор за поранешниот агент 007, Пирс Броснан, кој ја измисли титулата „холивудски шмекер“. Ирскиот актер неодамна присуствуваше на премиерата на криминалната комедија „The Thursday Murder Club“ во Лондон, а за таа пригода носеше елегантна комбинација.
Познат по својот рафиниран и софистициран израз за модата и нејзините трендови, 72-годишниот шмекер се одлучи и овој пат да избере комбинација на тој начин.
Тој носеше класичен кафеав двореден костум. Својот изглед го надополни со вратоврска и ретро часовник. На црвениот тепих му се придружија членовите на неговото семејство – синот Дилан и внуката Изабел Смит.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Сензуално издание на најубавата жена на Балканот

Романската актерка и модел Мадалина Генеа е често активна на социјалните мрежи. Таа редовно објавува фотографии од својата приватна и деловна средина, а оние во смели модни парчиња привлекуваат големо внимание.
Бидејќи летото е сè уште тука, често можеме да ја видиме во атрактивни бикини, како и во лелеави фустани. Едно такво издание неодамна го освои светот на социјалните мрежи.
Мадалина објави компилација од атрактивни фотографии од брод, а за таа пригода избра бел сатенски фустан. Под зачудувачкиот фустан носеше долна облека која беше видлива, и може да се каже дека овој момент привлече многу погледи.
Својот стајлинг го комплетираше со брановидна фризура, која слободно паѓаше, златни додатоци и впечатлива шминка во земјени тонови.
Обожавателите, како и обично, веднаш реагираа, велејќи ѝ дека е прекрасна.
фото: принтскрин
Забава
Решете се трајно од вишокот килограми: мирисот на едно растение целосно го уништува апетитот

Според истражувачите од Соединетите Американски Држави, ослободувањето од преголемата желба за храна повеќе не е толку тешко.
Тие создадоа нова миризлива формула која може да им помогне на жените да ја намалат својата неделна исхрана.
Истражувачите спроведоа експеримент во кој учествуваа илјадници жени волонтери.
Тие направија само едно нешто што им помогна да го намалат апетитот и да изгубат неколку вишок килограми. Се испостави дека можете да ослабете со мирисот на нане.
Според научниците, жените кои се склони кон дебелина и прејадување треба редовно да нанесуваат неколку капки масло од нане на рацете. Ова ќе им овозможи ефикасно да ослабат.
Секако, ова не значи дека треба да заборавите на физичката активност и здравиот пристап кон исхраната.
Нутриционистите долго време зборуваат за нането како средство за сузбивање на апетитот.
Тие препорачуваат чај од нане кога сакате да го потиснете чувството на глад. Нането го смирува нервниот систем, а неговиот мирис буди позитивни емоции и чувства.
фото: принтскрин