Економија
Деветта меѓународна истражувачка конференција на НБ: оптимална комбинација на политиките за ниска инфлација и забрзан раст за Западен Балкан
Враќањето на инфлацијата на историски ниските стапки останува приоритет за централните банки. Со правилна комбинација на политиките економиите од Западен Балкан може да обезбедат ниска инфлација и долгорочно забрзување на конвергенцијата на регионот кон ЕУ. За справување со инфлацијата, треба да се задржи цврстата монетарна позиција, со поддршка од фискалната политика. За ценовната стабилност важна е и финансиската стабилност и затоа неопходно е нејзино натамошно јакнење. За забрзување на растот, клучни се структурните политики, кои треба да ја подобрат инвестициската клима преку зајакнување на владеењето на институциите и правото, инвестиции во човечки капитал и справување со климатските промени. Ова се дел од пораките дадени при отворањето на 9. меѓународна истражувачка конференција, во организација на Народната банка, во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, која се одржува денеска во Скопје.
Еден од клучните предизвици останува инфлацијата, која иако забавува, сè уште се одржува над целното ниво, што се очекува кај 90 % од економиите и в година. Оттаму, водењето претпазлива монетарна политика со цел намалување на инфлациските притисоци на трајна основа е приоритет на централните банки, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
Затегнатата монетарна политика може неповолно да се одрази на закрепнувањето на економиите, но и да создаде ризици за финансискиот систем, како што и се случи во САД. Овие случувања во банкарскиот систем во САД не се пренесоа во Европа. „Банкарските системи во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ), вклучително и регионот на Западен Балкан, досега добро се справуваат со кризата. Според последните податоци, стапката на адекватност на капиталот во регионот е 20 % во просек, а стапката на ликвидност изнесува речиси 27 %. Квалитетот на кредитните портфолија останува солиден, при што нефункционалните кредити во просек се под 4 %, односно пониски во однос на претпандемичните нивоа“, рече во обраќањето Ангеловска-Бежоска. Сепак, неопходно е натамошно јакнење на отпорноста на банкарските системи, што ќе овозможи поголем простор за реакција на монетарната политика, без неповолни ефекти врз финансиската стабилност. Исто така, не помалку важно е земјите да располагаат со солидна регулаторна рамка и инструменти за одржување на финансиската стабилност, посочи во своето воведно обраќање гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во своето воведно обраќање посочи дека Народната банка со своите политики придонесе кон зачувување на макроекономската стабилност на државата. Како резултат геополитичките и геоекономските ризици неопходни се реформи во виталните државни сегменти клучни за економскиот развој, посочи претседателот Пендаровски нагласувајќи дека одливот на човечкиот капитал, особено на млади и стручни кадри, е најгорливиот проблем со кој се соочува регионот.

„Во услови на нестабилно надворешно опкружување и сè повисоки ценовни притисоци, особено поради војната во Украина, нашата Народна банка, по примерот на Европската централна банка, почна да ја приспособува својата монетарна политика. Притоа факт е дека правилната монетарна политика придонесе да се зачува макроекономската стабилност на државата и делумно да се заузда растечката инфлација“, посочи во своето обраќање претседателот. „Неопходни се реформи во виталните сегменти, кои се клучни за економскиот развој, како што се инвестициите, продуктивноста на трудот, приспособување на образованието според барањата на пазарот на трудот и отворање квалитетни работни места. Верувам дека тоа најдобро можеме да го постигнеме преку засилени реформи и забрзана интеграција во Европската Унија“, порача претседателот Пендаровски.
Директорот на одделот за Европа на ММФ, Алфред Камер, ја истакна важноста на политиките за да се забрза економскиот раст во регионот, како и да се надмине кризата со инфлацијата. „Ако треба да пренесам една клучна порака до вас, тоа е дека политиките се важни. Со правилен избор на разни политики, економиите од Западен Балкан може да обезбедат ниска инфлација и зголемена долгорочна траекторија на раст“, порача Камер истакнувајќи го значењето на структурните реформи за да подобри економскиот потенцијал на регионот. Во однос на задржување на макроекономската стабилност, тој посочи дека не треба прерано да се олабавува монетарната политика затоа што тоа може да доведе до големи последици, како и дека фискалната политика треба да ја поддржи монетарната.
Марк Узан, извршниот директор на Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, посочи дека сме сведоци на многу структурни промени во однос на понудата на работна сила, враќањето на производството на мултинационалните компании во нивната домицилна земја, новата глобална трговија, геополитичките тензии и зазеленувањето на глобалната економија, кои ќе бидат актуелни и во следниот период. Узан нагласи дека со ова се отвора прашањето дали се оди кон новата макроекономска нормала, каде што затегнатите финансиски услови ќе опстојат подолг период.
Првата панел-дискусија на конференцијата беше посветена на идните макроекономски политики, на која дискутираа главниот економист на Светската банка за Европа и Централна Азија, Ивајло Изворски, кој беше и модератор на панел-дискусијата, гувернерите на централните банки на Словенија и на Хрватска, Боштјан Васле и Борис Вујчиќ, членот на одборот на Централната банка на Швајцарија, Петра Герлах, и вицегувернерот на централната банка на Белгија, Стивен Ванакер. На панел-дискусијата беше посочено дека иако инфлацијата се намалува од крајот на 2022 година, во многу земји таа е над целите на централната банка. Зголемените цени на нафтата ја забавија дезинфлацијата и се причина за загриженост. Кога ценовната стабилност е загрозена, важно е монетарната политика да реагира бргу и решително, да ги задржи истите инфлациски очекувања и да спречи опстојување на инфлацијата. Беше истакнато и дека финансискиот систем во ЕУ досега добро ја издржува монетарната затегнатост, но и дека властите треба да останат внимателни и да ги следат ризиците, извести Народната банка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

