Македонија
Утре автобусите на ЈСП ќе возат по други траси
Заради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2023“, утре од дел од 7 до 14 часот дел од линиите на ЈСП „Скопје“ ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај. Како што информираат од јавното сообраќајно претпријатие во тој период нема да сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25 и 59Б.
Во периодот, пак, од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите: 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57.
Со непроменета траса утре ќе останат градските линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45, 59 и 65В и приградски линии: 11, 11А, 18, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 63, 63А, 63Б, 65, 65А, 65Б, 66, 66А, 68, 71, 74, 81 и 162.
Со изменет режим на сообраќање ќе бидат:
Линија 5:
од Дексион, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, бул. „Гоце Делчев“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево, бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал)
од Ново Лисиче, по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Дексион (терминал)
Линија 7
од Горно Лисиче (Хемтекс), бул. „12 Македонска бригада“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ до Карпош 3 (терминал)
од Карпош 3, по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, десно по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „12 Македонска бригада“ и по редовната траса до крајна станица
Линии 15 и 15А
од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, па десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), лево по бул. „Гоце Делчев“ и продолжува по редовна траса
од Карпош 4 до Соборен храм по редовна траса, па по бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, Ново Лисиче (терминал)
Линии 21 и 22
од Транспортен центар, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ (МАНУ), бул. „Гоце Делчев“, бул. „Партизански одреди“ и продолжува по своја траса
во обратна насока по истата изменета траса
Линија 23
oд Ченто по редовна траса до Југодрво, потоа десно по ул. „Мирче Ацев“, пред хотел „Холидеј Ин“, па десно кон Дрводекор и продолжува по бул. „Кузман Јосифовски Питу“, бул. „Јане Сандански“ до Мајчин Дом, па лево по бул. „АСНОМ“ и продолжува по својата редовна траса
Линија 27
од ул. „Вардарска“ по редовна траса до Југодрво, потоа десно по ул. „Мирче Ацев“, пред хотел „Холидеј Ин“, десно кон Дрводекор и продолжува по бул. „Кузман Јосифовски Питу“, бул. „Јане Сандански“ до Мајчин дом, лево по бул. „АСНОМ“ и продолжува по редовната траса
Линија 28
од Македонско село, с. Горно Нерези до Козле терминал 57
во обратна насока по истата изменета траса
Линии 31, 41, 51, 67 и 70
од почетен терминал по редовна траса по бул. „Борис Трајковски“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“ до Транспортен центар
во обратна насока од Транспортен центар десно по бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, лево по бул. „Борис Трајковски“ до крајна станица по редовната траса
Линии 50 и 50А
од Хиподром и Маџари по редовната траса до „Холидеј Ин“, потоа лево кај Дрводекор, па лево по бул. „Кочо Рацин“ и продолжуваат по редовната траса
Линија 57
од Тафталиџе (терминал на „24“), по ул. „Московска“, бул. „Партизански одреди“, мост Гоце Делчев, Бит пазар и продолжува по редовната траса
во обратна насока по истата изменета траса
Линија 59
од Карпош 3 по редовна траса до Соборен храм, лево по бул. „ВМРО“, бул. „Гоце Делчев“, лево кај Бит пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица
во обратна насока по истата изменета траса
Линија 59А
од Ново Лисиче по редовна траса до Комплекс банки, десно по бул. „Крсте Мисирков“ кон Бит пазар и продолжува по редовната траса до крајна станица
во обратна насока по редовна траса до Бит пазар, право по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом лево по бул. „АСНОМ“ до Ново Лисиче (терминал)
Линии 58, 58а и 58б
од почетни станици во Добри дол, Света Петка и Брзовец по редовна траса до Дом на слепи, потоа десно по бул. „Борис Трајковски“, па лево по бул. „Србија“, лево по бул. „Јане Сандански“ до Транспортен центар
во обратна насока од Транспортен центар десно по бул. „Јане Сандански“, кај Мајчин дом, лево по бул. „АСНОМ“, десно по бул. „Србија“, десно по бул. „Борис Трајковски“ до крајна станица по редовната траса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Бошњачката заедница е нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, вечерва присуствуваше на одбележување на Меѓународниот Ден на Бошњаците, во организација на Странката на демократска акција на Македонија (СДА).
Во обраќањето пред присутните, Филипче прача дека бошњачката заедница е нераскинлив дел од општеството и има значаен придонес во развојот и напредокот на Северна Македонија.
„Граѓаните Бошњаци по измените на Уставот од 2001 година, станаа дел од преамбулата и на нашиот Устав. Со нивната традиција, како составен и нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество, имаат значаен придонес во развојот и напредокот на државата. Бошњачката заедница во Северна Македонија активно се вклучи во успешниот концепт „Едно општество за сите“, со кој Северна Македонија сега е пример во Ервопа и регионот за дијалог, меѓусебно разбирање и почитување“, рече Филипче.
Воедно, претседателот на СДСМ, Филипче ја потенцираше важноста на Странката на демократска акција на Македонија (СДА), која како коалициски партнер на СДСМ, изминативе години даде поддршка на развојните политиките во периодот на Владата на СДСМ.
„Во основното образование за учениците Бошњаци се врати редовната настава на босански јазик, Северна Македонија и Босна и Херцеговина потпишаа серија на билатерални договори во интерес на граѓаните,Скопје и Сараево станаа збратимени градови. Со својата прогресивна идеологија во изминатите години, СДА активно учествуваше во сите процеси кои ја придвижија државата напред, како што е членството во НАТО и започнувањето на преговорите со Европската Унија“, рече Филипче, додавајќи дека токму тоа и е разликата СДСМ и актуелната власт .
Филипче во своето обраќање нагласи дека СДСМ и СДА и во иднина ќе делуваат заеднички и ќе се залагаат за соживот,меѓусебна почит и интеграција на државата.
„ За жал деновиве сме сведоци на едни политики кои ја враќаат државата назад во изолација, нешто за што граѓаните не гласаа. И тоа не смееме да го дозволиме, не смееме да се откажеме од европскиот пат, од европска иднина за нашите граѓани. СДСМ и СДА и понатаму ќе продолжат да делуваат заеднички, ќе се залагаме за демократските вредности и инклузија на сите заедници, за интеграција, а не за изолација на државата“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
Промена на времето: УХМР за утре најавува дожд, силен ветер и драстичен пад на температурите
Управата за хидрометеоролошки работи најавува значителна промена на времето утре – дожд, засилен ветер и пад на температурата.
Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.
ИЗВОР: УХМР
Дневната температура значително ќе се намали (утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Во Скопје, утре ќе има повремени врнежи од дожд, локално со појава на ретки грмежи и силен ветер.
Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.
Македонија
Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе.
На средбата беа разменети мислења за целите и приоритетите насочени кон демократизацијата на македонското општество, човековите права и владеењето на правото. Реафирмирајќи ја посветеноста за натамошна конструктивна соработка со Советот на Европа, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од континураната поддршка за нашето целосно усогласување со европските стандарди и вредности.
Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста од кредибилно постапување на Европската Унија во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан кога напредокот на поединечните кандидати е евидентно заслужен. Таа се осврна и на неопходното обезбедување усогласеност со обврските што земјите-членки ги презеле, вклучително и правилното спроведување на пресудите на Судот во Стразбур.
Соговорниците разговараа и за актуелните безбедносни состојби во Европа, со акцент на војната во Украина, како и за потребата од посветеност и заеднички пристап кон сегашните и идните предизвици какви што се влијанието на новите технологии и климатските промени врз човечките ресурси.
На средбата претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до новоизбраниот генерален секретар на Советот на Европа, Алан Берсе, изразувајќи искрени желби за успешно исполнување на важната мисија и продолжување на плодната соработка со македонските институции.