Свет
Се запали траект во море, спасени 177 луѓе: на бродот имало и мигранти, итно реагирала италијанската полиција
Италијанската крајбрежна стража спаси 177 лица, вклучително и 27 членови на екипажот, од траект што се запали на пат од италијанскиот остров Лампедуза кон сицилијанскиот град Порто Емпедоклес, соопштија денеска властите.
Меѓу патниците на траектот имало и 83 мигранти кои биле префрлени од Лампедуза, се наведува во соопштението на крајбрежната стража.
За време на спасувањето, крајбрежната стража употреби водени топови за да ги разлади деловите на траектот погодени од пожарот, кој избувна во машинската соба во петокот доцна навечер, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Спасувачите ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите: апокалиптични сцени од Шпанија, владее хаос
Спасувачите во Шпанија ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите што ја зафатија таа европска земја. Досега се извлечени телата на најмалку две бебиња, а бројот на загинати во невидените поплави надмина 50.
Како што јавија локалните медиуми, спасувачите ги извлекле телата на четири лица, двајца мажи, една жена и едно бебе, во градот Паипорта. Во градот Торент спасувачите пронашле пет безживотни тела, меѓу кои и бебе.
Најтешко беше погодена Валенсија, каде неколку лица се уште се водат како исчезнати.
Туристите кои дојдоа да ја посетат Валенсија велат дека биле заробени во возилото речиси 10 часа. Виталиј Фарафонов и неговата сопруга биле во посета на Валенсија кога полицијата синоќа околу 20 часот ги извлекла од автопатот.
„Беше хаос. Изброивме девет или 10 превртени камиони на дел од автопатот за помалку од еден километар. Никогаш не сме виделе такво нешто“, рече Фарафонов.
Снимките кои кружат покажуваат како луѓе се обидуваат да се спасат од поплавите качувајќи се на дрвја. Властите користат хеликоптери за да ги спасат жителите од нивните домови.
Други видеа споделени од шпанските радиодифузери покажуваат дека водата навлегува во куќите додека автомобилите ги носи низ улиците.
Радио и ТВ станици добија стотици повици за помош од луѓе заробени во поплавените подрачја или во потрага по најблиски, бидејќи службите за итни случаи не можеа да стигнат до сите погодени локации.
Свет
Едно лице загина, седум се под урнатини во хотелската зграда што се урна во Аргентина
Едно лице загина, а најмалку седум други под урнатини во Аргентина по уривањето на десеткатен хотел за време на процесот на реконструкција, соопштија денеска аргентинските власти.
Пожарникарите кои трагаат по преживеани успеале да спасат еден од урнатините на хотелот во Дубровник во Вила Гесел, крајбрежен град на 350 километри јужно од главниот град Буенос Аирес, пренесува АП.
Обвинителството покрена истрага за утврдување на причините за уривањето на зградата, а општина Вила Гесел преку соопштение наведува дека хотелот бил во процес на реновирање без соодветни дозволи.
Свет
(Видео) Кина испрати нов екипаж во вселената
Кина вчера испрати нов екипаж во својата вселенска станица Тиангонг (Небесна палата) од вселенскиот центар Џиукван, кој се наоѓа во северозападниот дел на пустината Гоби.
Ракетата Long March 2F, долга 60 метри и тешка 40 тони, носеше тричлен екипаж во вселенското летало Шенжу 19, што значи „магичен брод“.
Според Кинеската вселенска агенција, командантот Каи Ксуже (48), инженерот Ванг Хаозе (34) и поранешниот воен пилот Сонг Лингдонг (34) треба да се приклучат на вселенската станица околу шест и пол часа по влегувањето во вселената.
🚀 Congratulations to #Shenzhou19 on a successful liftoff!
Onward to new horizons and discoveries! 🇨🇳 pic.twitter.com/lJR71WsvmQ
— Hua Chunying 华春莹 (@SpokespersonCHN) October 30, 2024
За време на нивниот шестмесечен престој во вселената, екипажот ќе спроведе 86 научни и технички експерименти, ќе изврши вселенски прошетки и ќе инсталира заштитни мерки од вселенски отпад на Тиангонг.
Екипажот на вселенското летало Шенжу 19 ќе замени тројца членови на мисијата Шенжу 18, кои работат на вселенската станица од април. Нивното враќање на Земјата е закажано за 4 ноември.