Македонија
Се молерисуваат училниците во ООУ “Невена Георгиева Дуња”-Кисела Вода
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети ООУ “Невена Георгиева Дуња”. Тука, викендов започнаа градежни зафати за обнова и молерисување на внатрешните ѕидови во сите училници. Грижата за нашите најмлади е врвен приоритет во делувањето на Општина Кисела Вода и оттаму унапредување на условите во сите училишта во овој дел од градот е инвестиција во нивниот напредок и напредокот на Република Македонија, потенцираше градоначалникот Ѓорѓиевски.
– Нашите деца, иднината на Република Македонија заслужуваат подобри услови! Овој викенд, од ООУ ,,Невена Георгиева – Дуња” започнаа градежните зафати за обнова и молерисување на внатрешните ѕидови во сите училници. Сето тоа со цел да обезбедиме поквалитетно и непречено изведување на образовно-воспитниот процес, што е и наша приоритетна цел. Кисела Вода, како една од најстарите општини во Македонија мора да се грижи за обезбедување квалитетни образовни услови во своите училишта. Беспоштедно работиме и ќе работиме во сите образовни објекти, бидејќи влогот во најмладите е влог во нашата иднина-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

