Македонија
Спасовски во посета на Полицискиот камп Белица каде се реализира дрил-тест за кандидатите на ЕБР и САЕ Тигар
Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на Министерството за внатрешни работи го посети Полицискиот камп Белица, каде што во тек е дрил-тест како една фаза од селективниот процес на кандидати за пополнување на составот на двете елитни специјални единици при Одделот за специјални полициски операции во рамки на Бирото за јавна безбедност при МВР.
Поточно, дрил-тестот во времетраење од 21 ден завршува за кандидатите за Единицата за брзо распоредување, а започнува за кандидатите за Специјалната антитерористичка единица Тигар.
Имено, на 27.06.2023 беа распишани интерни огласи за пријавување на кандидати за ЕБР, односно САЕ Тигар, на кои за потребите на Единицата за брзо распоредување беа пријавени вкупно 26 кандидати, додека за потребите на Специјалната антитерористичка единица Тигар беа пријавени вкупно 38 кандидати.
Или поконкретно, по извршените тестирања на пријавените кандидати за ЕБР, кои опфаќаат физичка подготвеност, психолошко тестирање, тест за фобии и интервју, согласно Правилникот за спроведување селекција на ЕБР, останаа 15 кандидати (13 машки и 2 женски) кои ги исполнија критериумите од извршените тестирања и прејдоа во втората фаза, т.н. дрил-тест селекција, која се одржуваше во периодот од 11.09.2023 до денеска (01.10.2023) во Полицискиот камп Белица. Селекцијата опфаќаше неколку критериуми, и тоа: физичка подготвеност, самостојност, одговорност и дисциплина, соработка и тимска работа, доверливост, комуникациски вештини, креативност и мотивираност, прилагодливост кон различни ситуации, снаодливост и храброст, ракување со вооружување. Притоа, оваа фаза од селекцијата успешно ја завршија 11 кандидати, меѓу кои и една полициска службеничка. Следната трета фаза ќе опфати петмесечна обука која вклучува основна обука во рурална средина, во урбана средина и обука за воспоставување на ЈРМ во поголем обем, а ќе се изведува во Крани, Пониква и во базата на ЕБР – Полицискиот центар Ѓорче Петров. Кандидатите кои успешно ќе ги завршат предвидените обуки, ќе бидат дел од составот на оваа специјална единица.
Што се однесува, пак, до пријавените кандидати за САЕ Тигар, по извршените тестирања согласно Правилникот за прием и селекција на оваа организациска единица, кои меѓу другото опфаќаат психофизички проверки и тестирања за фобии од висина, тесен простор и вода, исполнувајќи ги критериумите, од денеска 28 кандидати продолжуваат во втората фаза на дрил-тест во период од 21 ден, која ќе трае до 22 октомври во Полицискиот камп Белица. За време на дрил-тестот, кандидатите за САЕ Тигар ќе бидат подложни на зголемен психофизички напор, без можности за комуникација надвор од кампот, маршеви на долги дистанци, ракување со оружје, приспособување во простор и сл., а оние што успешно ќе ја завршат и оваа втора фаза од процесот на селекција, ќе се упатат на селективна обука во времетраење од шест месеци во рурални средини на подрачјето на државата. Кандидатите кои успешно ќе ја завршат и селективната обука, заслужено ќе го добијат амблемот на САЕ Тигар, како припадници на оваа елитна единица.
За време на посетата на министерот Спасовски на Полицискиот камп Белица беа изведени показни вежби дел од дрил-тестот. Притоа, министерот Спасовски се обрати пред кандидатите за САЕ Тигар и ЕБР.
„Ви честитам што се пријавивте за вклучување во елитните единици на МВР кои се стожер на државата и на безбедноста. Престиж е да се биде дел од САЕ Тигар и ЕБР”, истакна министерот Спасовски. Притоа, тој им честиташе на кандидатите за двете единици за досегашниот процес на селекција.
„На кандидатите од ЕБР кои го поминаа дрил-тестот им честитам и посакувам да продолжат со иста таква посветеност и ентузијазам да ја завршат до крај обуката.
На кандидатите за САЕ Тигар им посакувам успешен старт и силна посветеност, а јас посакувам сите да ја завршите обуката”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека раководството на МВР секогаш е тука за нив.
„На сите колеги кои се грижите за обуката и кандидатите и им помагате да ги совладаат вештините, ви честитам и ви се заблагодарувам. Раководството на МВР е секогаш тука за да создадеме добри услови и да ве мотивираме за уште поголеми успеси”, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби
Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука, Обвинителството ја донело врз основа на тоа дека се обезбедени голем број докази, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.
„Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука“, соопштија од Обвинителството.
Од таму додаваат дека на барање на одбраната, Груби во текот на денешниот ден бил спроведен пред надлежниот обвинител каде вршел увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана.
„По однос на мерките за обезбедување на присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

