Македонија
За неколку месеци ќе има избори на кои ќе му се стави крај на лоповското владеење на СДС-ДУИ, рече Јаковлевски
Мане Јаковлевски, претседавач на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ од втората годишна конференција на унијата насловена „Традиција која обврзува, за иднината која доаѓа“ во воведниот говор се заблагодари на претседателот, Христијан Мицкоски што пред повеќе од две години донесе историска одлука да се формира Унија на ветерани.
„На 21 септември, пред десет дена, по предлог на Извршниот Комитет, Централниот Комитет донесе одлука за промена на правилникот за работа на ВМРО-ДПМНЕ, со која промена УВ се изедначи со правата и обврските со УМС и УЖ. Ја добивме довербата и затоа што ние сме чувари на аманетот и идеалите на Илинденците и партизаните, запишани во документите на Крушевската Република и АСНОМ, кои денес се испоганети од челниците на СДС. Мораме да ја оправдаме оваа доверба што ни е дадена! Браќа и сестри, секој почеток е тежок, така и нашиот почеток како УВ не беше едноставен, беше тежок но сепак многу се сработи. За ова релативно кратко време Формиравме: 72 општински УВ, 1116 УВ во Месните Комитети, регистрирани се 34.200 членови од редовите на УВ низ цела Македонија“, рече Јаковлевски.
Во својот говор, Јаковлевски се осврна и на состојбите во Македонија, при што потенцираше дека ситуацијата е многу сериозна и дека партиите на власт СДСМ и ДУИ се занимаваат само со лоповлук и распродажба на македонските национални интереси.
Додаде дека за неколку месеци ќе има избори на кои ќе им се стави крај на нивното владеење, но повика и на масовна излезеност затоа што секој глас ќе биде важен за рушење на актуелната власт.
„Браќа и сестри ветерани, Состојбата во Македонија е многу сериозна, СДС и ДУИ освен лоповлук и распродажба на национални интереси ништо корисно не направија. Сменија име, идентитет, менуваат историја, местат тендери, трошат државни пари за незапочнати и без проекти- патишта, ги полнат сопствените џебови, крадат лекарства од пациенти со најтешки болести, а наши граѓани умираат. Им се ближи крајот. За неколку месеци ќе има избори. Не чека голема работа, а ќе успееме ако сме сплотени и обединети. На наредните избори, потребна ќе биде масовна излезеност. Да не се залажуваме и да кажеме и без мојот глас ќе победиме. Секој оној кој што така мисли, прави корист за СДС и ДУИ. На наредните избори потребен ќе е секој еден глас“, рече Јаковлевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби
Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука, Обвинителството ја донело врз основа на тоа дека се обезбедени голем број докази, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.
„Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука“, соопштија од Обвинителството.
Од таму додаваат дека на барање на одбраната, Груби во текот на денешниот ден бил спроведен пред надлежниот обвинител каде вршел увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана.
„По однос на мерките за обезбедување на присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

