Македонија
ЦУК: Вчера имаше 29 пожари на отворен простор, активни се уште два

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии, а во општина Василево изгорела и една колиба, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК.
До утрово, според ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште два. Тие се во општина Македонски Брод, кај село Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума) и во општина Чашка, кај село Горно Јаболчиште (каде што гори стара сеча и стари букови дрвја).
Од вчерашните 29 пожари, изгаснати се 27 и тие биле на целата територија на државата, конкретно во општините:
– Општина Студеничани, кај село Студеничани (каде што горела ниска вегетација);
– Општина Сарај, село Глумово (ниска вегетација и стрниште);
– Општина Аеродром, село Долно Лисиче (ниска вегетација);
– Општина Зелениково, село Орешани (ниска вегетација);
– Општина Карпош, покрај улица „Ацо Шопов“ (ниска вегетација);
– Општина Бутел, кај месноста „Клучка Оризари“ (стрниште и ѓубриште);
– Општина Арачиново, село Арачиново (ниска вегетација);
– Општина Долнени, село Ропотово (ниска вегетација);
– Општина Прилеп, четири пожари, кај село Мажуриште (ниска вегетација), Градски Базан во Прилеп (ниска вегетација), катеј оранжерии во Прилеп (ниска вегетација) и кај маркетот „Стибера“ (ниска вегетација);
– Општина Василево, помеѓу село Градашорци и село Едрениково (ниска вегетација, лозови насади и објект колиба);
– Општина Ново Село, село Зубово (ниска вегетација);
– Општина Босилово, село Гечарлија (ниска вегетација);
– Општина Валандово, село Пирава (ниска вегетација);
– Општина Македонски Брод, село Могилец (ниска вегетација);
– Општина Охрид, село Подмоље (ниска вегетација);
– Општина Велес, село Згрополци (ниска вегетација);
– Општина Куманово, село Проевце (ниска вегетација);
– Општина Старо Нагоричане, село Сув Ора (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
– Општина Гостивар, четири пожари, кај ресторант Монт Бланк (ниска вегетација), кај патарина Гостивар –Тетово (ниска вегетација), наелба „Грудајца“ (ниска вегетација) и кај градскиот стадион (ниска вегетација);
– Општина Пехчево, кај месност „Равна Река“ (ниска вегетација и насади со сливи) и во
– Општина Пробиштип, село Гарјанци (каде што горела ниска вегетација и стрниште).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шукова: Резултатот не е оној што го посакувавме, сепак горда сум на кампањата што ја водевме

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, се огласи на социјалните мрежи откако вчера не успеа да влезе во вториот круг на Локалните избори 2025.
„Им благодарам на сите граѓани кои излегоа и го искористија своето демократско право на глас. Учеството на граѓаните во изборниот процес е темел на здраво општество што се стреми кон напредок и одговорност. Резултатот не е оној што го посакувавме, сепак горда сум на кампањата што ја водевме, чесно, транспарентно и со јасна визија за развој и подобар живот за сите жители на Скопје.
Му благодарам на мојот тим, на сите поддржувачи за посветеноста и професионализмот. Во овој изборен процес покажавме дека заедно можеме да градиме политичка култура заснована на почит, дијалог и идеи. Без разлика на изборниот резултат, јас ќе продолжам да работам за јавниот интерес и за вредностите во кои верувам со истата одговорност и посветеност.
На сите кандидати кои продолжуваат во вториот изборен круг им посакувам фер, достоинствен и демократски натпревар“, напиша Шукова.
Македонија
Герасимовски денеска со засилена акција за чистење на Центар: Зголемен број хигиеничари, механизација, работа во две смени

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека се зголемува зборот на хигиничари кои денеска ќе работат во две смени, сабајле и навечер со цел одржување на хигиената на највисоко ниво. Тој, потенцираше дека и механизацијата што се изнајмува целосно се пушта во погон.
„Утрово, но и од она што го видовме викендов повторно е хаотично со сметот. Уште денеска се фаќаме за работа, продолжуваме со одржување на хигиената на највисоко ниво. Уште од денеска се зголемува бројот на хигиеничарите на терен, со работа во две смени, сабајле и навечер, и механизацијата што ја изнајмуваме се пушта целосно во погон“, рече Герасимовски.
На состанокот со раководителите на сектори од општината, Герасимовски изјави дека мора да се отпочнат и буџетските форуми кои беа најавени.
„Ги најавивме и мора да ги отпочнеме буџетските форуми, и јас предлагам да не чекаме ноември, туку уште од оваа недела да ги договориме истите, да видиме колку ќе одржиме оваа година дали ќе биде еден поголем или неколку помали и еден завршен поголем. Мислам дека треба урбаните заедници да одбереме три каде што би ја одржале три посебни форуми и дополнително еден голем каде што ќе ги донесеме заклучоците за програмата“, посочи Герасимовски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: По 20 години победа во прв круг во бастионот на СДС, Струмица и во 33 општини

„Овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ оствари историски резултати. По 20 години ВМРО-ДПМНЕ победи во бастионот на СДС, Струмица. Уште во вториот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков го освои градоначалнички мандат, забележувајќи историска победа со разлика од над 5000 гласови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Освен во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ победи и со тоа зазеде уште неколку општини во кои до сега градоначалници имаше СДСМ.
Во прв круг ВМРО-ДПМНЕ ги зазеде од СДСМ следните општини, Берово, Делчево, Маврово и Ростуша, а ги водиме во Пробиштип, Демир Капија, Старо Нагоричане, Валандово каде ќе одиме на втор круг.
ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалници во првиот круг во 33 општини, додека СДС само во три помали општини.
Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и Штип се општините кои во прв круг добија градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Освен победата во прв круг во скопските општини, ВМРО-ДПМНЕ со голема предност влегува во втор круг во општините Аеродром и Карпош, како и во Град Скопје.
Покрај историската победа на ВМРО-ДПМНЕ и дебаклот на СДС, овие локални избори се забележува уште важен еден момент. ДУИ со нивната деструктивна и националистичка реторика и политика, е целосно декласирана.
Ова се историски резултати ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека минатите локални избори во 2021 година, во прв круг освоивме градоначалници во прв круг во 22 општини, додека СДС во девет. Годинава, за разлика од пред четири години, ВМРО-ДПМНЕ во прв круг освои градоначалници во 33 општини, додека СДС само во три и тоа во помали.
На овие избори македонските граѓани покажаа дека сакаат Македонија да напредува и да се развива, избра луѓе кои ќе работат во нивен интерес и во интерес на државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.