Контакт

Македонија

Бистри и матни случаи за септември 2023 година според „Транспаренси интернешнл – Македонија“

Објавено пред

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење случаи и дејства поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарекоа „бистро – матно“.

dobivaj vesti na viber

Матни настани за септември 2023 година

Ја гази ли профитот Хипократовата заклетва?

Полицијата и Обвинителството влегоа на претрес на Клиниката за онкологија

„По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на МВР преземени се дејства во предистражна постапка за обезбедување докази што ќе бидат предмет на анализи и вештачење со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело на Клиниката за онкологија“, известија од Обвинителството.

Тивка амнестија

Владата тајно ги утврди, Собранието експресно, со 48 гласа „за“ ги донесе измените на Кривичниот законик

Предлог-измените на Кривичниот законик, кои Владата ги поднесе во Собранието по скратена постапка (со европско знаменце), предизвикаа лавина реакции во јавноста. Со нив, меѓу другото, се предвидува намалување на казните во членот 353, кој се однесува на злоупотреба на службената положба и овластувањето, кој најчесто се користеше за гонење службени лица и функционери, како и намалување на казните за делото злосторничко здружување од членот 394, односно наместо сегашните, кои предвидуваат од една до десет години затвор, на една до три години затвор. Тоа повлекува и порано застарување на кривичните дела.

Секој искажан збор има своја последица, секое молчење исто така – Сартр

Врховен суд: Донесувањето законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди – Врховниот суд смета дека донесувањето законски измени без транспарентен процес преку јавна дебата и стручна расправа е спротивно на заложбите за реформи на законодавството во согласност со европските стандарди.

Пендаровски да го искористи правото на вето, побара Платформата на граѓанските организации за борба против корупцијата – од страна на Платформата беше побарано од претседателот на државата, Стево Пендаровски, да го искористи уставно загарантираното право на вето и да не го потпише указот за прогласување на измените на Кривичниот законик, кои на 6 септември 2023 ги усвои Собранието.

Ристоска: Измените на Кривичниот законик влијаат на културата на неказнивост – „Последните измени на Кривичниот законик лично ги доживувам како навреда на сите професионалци што се вложија, пред сè, во борбата против корупцијата“. Според Ристоска, овие измени најчесто ќе ги афектираат коруптивните кривични дела, а повеќето од предметите во кои се вложени многу ресурси и енергија веќе застаруваат.

Продолжија активностите на ДКСК и овој месец

Антикорупционерите пресекоа: ДУИ го прекршила заонокт, вишокот донации примен во 2022 година, наместо веднаш, ги вратила во јули 2023 година

Демократската унија за интеграција го прекршила Законот за финансирање на политичките партии оти во 2022 година примила донации поголеми од законски дозволените, а вишокот пари гi вратила во 2023 година наместо веднаш или во рок од 15 дена по приемот. Државната комисија потврди дека прекршок има и дека за него ќе бараат да постапи Државниот завод за ревизија како надлежно тело.

На дното на достоинството и интегритетот

Командири од затворот „Идризово“ подмитиле затвореник со 4.000 евра зашто им ветил дека ќе ги премести да работат во МВР

Управата за извршување санкции извршила вонреден надзор во Казнено-поправниот дом „Идризово“ по поплаки од две осудени лица, кои се пожалиле од двајца командири дека им се заканувале, а кои, пак, пријавиле дека му дале мито на едниот затвореник, но тој ветувањето не го реализирал.

Бистри настани за септември 2023 година

Затвор за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и сексуални услуги за оценки: Втора пресуда за „Еразмус“

Обвинетите професори Бобек Шуклев и Славе Ристевски од Економскиот факултет осудени со затворски казни од 4 и пол и 4 години зашто барале пари и сексуални услуги од студентки за оценки, а демонстраторот Драган Денковски осуден со условна казна од 2 години доколку во следните 5 години не го повтори делото зашто посредувал помеѓу студентките и професорите.

Приведен грчки државјанин поради нудење поткуп

На 10.09.2023 во 20.10 часот на наплатна рампа Демир Капија полициски службеници од Полициска станица зa граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ го лишиле од слобода Г.К.(35) од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп.

Охриѓанец се обидел да поткупи полицајци па бил приведен

„На 10.9.2023, во 19.35 часот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А. Ј. (59) од Охрид. По сторен сообраќаен прекршок, тој во личните исправи што им ги дал на полициските службеници ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени“, информираат од МВР.

Македонија

Делови од Сарај и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).

Прикажи повеќе...

Македонија

Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“

Објавено пред

„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

dobivaj vesti na viber

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет1 час

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...

Регион2 часа

(Видео) Гори облакодерот „Вјесник“ во Загреб, снимките се драматични

Малку пред полноќ во понеделник навечер, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се...

Македонија12 часа

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија14 часа

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион14 часа

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија15 часа

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...

Македонија16 часа

Министерот Тошковски опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој вели дека следи...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче: Власта врши притисок врз судството

Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на Советот упати сериозни критики за...

Македонија19 часа

Ќе се гласа на 11 јануари: Гаши го потпиша актот за одржување на повторените избори за градоначалници во четирите општини

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го потпиша актот за одржување на локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште...

Македонија20 часа

Бизнисмен од Штип крадел струја: манипулирал на сите три фази на броилото

Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична...

Македонија21 час

Почна пријавувањето за електронски ваучери за студенти преку Националниот портал за е-услуги

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје: Сè беше чисто и средено како што и прилега

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски биле во вечерна обиколка...

Македонија23 часа

Го турнале на земјата, го клоцале, го ограбиле, па се обиделе да му го скршат мобилниот телефон: eден осомничен за разбојништво во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член...

Европа24 часа

Што по падот на Покровск?

Додека Русија фокусира огромни сили врз Покровск во обид конечно да го освои рударскиот град во источна Украина, расте неизвесноста...

Регион24 часа

Хрватски навивачи нападнати со шипки во Црна Гора

Група хрватски навивачи вчера вечер беа нападнати на магистралниот пат Цетиње – Будва. Според неофицијални информации од Управата на црногорската...

Европа1 ден

(Видео) Пет млади лица загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска

Тројца млади мажи и две жени на возраст од дваесет години загинаа во ужасна сообраќајна несреќа во округот Лаут, Ирска,...

Регион1 ден

РТС: Пукано кон српски војници во близина на воена база

Вооружена и маскирана група Албанци отвори оган врз припадници на српската армија во реонот на базата „Дебела Глава“, во близина...

Свет1 ден

(Видео) Тројца убиени во нов американски воен напад врз брод за шверц на дрога

САД извршија уште еден напад врз брод за кој се тврди дека шверцува дрога во источниот Пацифик, при што загинаа...