Свет
(Видео) Пукање на универзитет во Балтимор, САД, неколку повредени

Неколку лица се повредени во пукотница во близина на универзитетскиот кампус во Балтимор доцна синоќа, соопшти полицијата во градот на источниот брег.
Полицискиот оддел во Балтимор објави дека одговориле на пукањето во близина на кампусот на Државниот универзитет „Морган“.
„Полицискиот оддел во Балтимор потврди дека има повеќе жртви. Ве молиме, продолжете да се засолнувате и избегнувајте ја областа“, соопшти полицијата.
Универзитетот исто така ги повика студентите и нивните семејства да ја избегнуваат областа и да се засолнат. Универзитетот има околу 9.000 студенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Русија предаде 1.200 тела на загинати војници, додека Украина ниту едно

Русија ја заврши втората фаза од префрлањето на телата на убиените украински војници во Украина, без да добие ниту едно за возврат.
Киев не вратил никакви тела на руските претставници, додаде изворот на агенцијата РИА Новости.
„Москва продолжува да ги исполнува договорите од Истанбул“, вели изворот.
На 2 јуни, во Турција се одржа втората рунда разговори меѓу Русија и Украина.
Главните договори: префрлање на болните и тешко повредените по принципот „сите за сите“; размена на затвореници под 25 години; вкупниот плафон за размена е најмалку илјада лица; Русија еднострано планира да предаде шест илјади тела на украински војници на Киев; Москва ги идентификуваше идентитетите на сите овие жртви.
Свет
Пронајдена „црната кутија“ од авионот на Ер Индија што се урна во Ахмедабад

Индиските власти потврдија дека е пронајдена „црната кутија“ од авионот на Ер Индија што се урна во четвртокот во густо населен дел од градот Ахмедабад. Несреќата, која се смета за една од најтешките во историјата на индиското воздухопловство, однесе најмалку 246 животи – 241 патник и членови на екипажот, како и најмалку петмина на земја.
Дигиталниот уред за снимање податоци од летот бил пронајден на покрив во близина на местото на несреќата, соопшти Агенцијата за истраги на авионски несреќи на Индија (AAIB), која ја почна истрагата со „целосна мобилизација“.
Министерот за цивилно воздухопловство, Рам Мохан Наиду, го нарече пронаоѓањето на „црната кутија“ клучен чекор во расветлување на причините за трагедијата.
„Уредот ќе овозможи анализа на моторите, управувачките системи, но и разговорите во пилотската кабина“, изјави Пол Фром од британската Асоцијација на машински инженери.
Според првичните информации, авионот „Боинг 787 Дримлајнер“ што требал да лета кон Лондон, се срушил само неколку минути по полетувањето, удирајќи во зграда во која бил сместен студентски дом на медицински факултет. Причинета е голема материјална штета, а околу 50 лица се повредени.
Поранешниот истражител на Националниот одбор за транспортна безбедност на САД, Џеф Гузети, изјави дека, доколку уредот е функционален, првичните причини за несреќата може да се дознаат уште следната недела.
„Ќе се испитуваат параметри како губење на сила на моторот, крилните клапни, активирање на аларми, но и дали екипажот точно ги внел податоците за температурата и тежината на авионот“, изјави Гузети.
Индиската Агенција за цивилно воздухопловство наложи итна проверка на сите авиони „Боинг 787-8“ и „787-9“ со мотори „GEnx“ на Ер Индија, вклучително и на системите за гориво, мотори и хидраулика.
Во петокот, премиерот Нарендра Моди го посети местото на несреќата и се сретна со единствениот преживеан патник.
„Целата нација е потресена од трагедијата во Ахмедабад. Губењето на толку многу животи на ненадеен и трагичен начин е незамисливо“, напиша Моди на социјалните мрежи.
Телата на загинатите сè уште се идентификуваат преку ДНК анализа, бидејќи повеќето биле јагленосани. Властите стравуваат дека бројот на жртви ќе продолжи да расте.
Свет
Две лица загинаа, а 19 се ранети во четвртиот ирански напад врз Израел

Иран утрово започна четврти бран ракетни напади врз Израел, во рамки на Операцијата „Вистинско ветување 3“, соопшти иранската државна телевизија. Ова претставува одмазда за претходните напади на израелските воздухопловни сили врз ирански цели во четвртокот навечер.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека детектирале ракети истрелани од Иран и веднаш активирале одбранбени механизми. Во неколку израелски региони се огласија сирени, а жителите беа повикани да се засолнат.
„Израелските воздухопловни сили се во моментална операција за пресретнување на ракетите. Граѓаните мора да ги следат инструкциите и да останат во засолништа додека не се елиминира опасноста“, соопшти прес-службата на ИДФ.
Израелските медиуми известуваат дека експлозии се слушале во Тел Авив и Ерусалим. Медицинските служби потврдија дека најмалку две лица загинале, а 19 се ранети откако ракета погодила станбена зграда во централен Израел.
„Најмалку една жена е во сериозна состојба, а неколкумина се уште се под урнатините“, изјави Ели Бин, директор на „Маген Давид Адом“, израелската верзија на Црвениот крст.
Од друга страна, според израелскиот весник „The Jerusalem Post“, најмалку 63 лица се повредени од гранатирањето, додека поголемиот дел од иранските ракети биле соборени или не стигнале до целта.