Забава
(Видео) Викторија побеснела кога Дејвид за малку ќе го прескокнел раѓањето на синот за да сними реклама за „Пепси“

Викторија Бекам била многу лута кога нејзиниот сопруг Дејвид Бекам за малку ќе го пропуштел раѓањето на едно од нивните деца за да сними реклама за „Пепси“ со Џенифер Лопез и Бијонсе.
Во новата документарна серија за поранешната „спајс грл“ и нејзиниот сопруг, поранешен фудбалски ас, таа раскажува дека кога била бремена со синот Круз, кој сега има 18 години, лекарите ѝ посочиле дека треба да закаже царски рез, а тоа бил денот кога Дејвид имал претходно договорена работна обврска.
Викторија (49) се присети: „Му реков: како мислиш снимање? Сериозно, ќе пукнам. Дали се шегуваш? Имаш проклета фотосесија со Џенифер Лопез, која е прекрасна, ама нема да се пораѓа“.
И покрај тоа што Дејвид успеал да го промени датумот на снимање, Викторија, која го роди Круз во болница во Мадрид во февруари 2005 година, сè уште била бесна кога видела фотографии од снимањето на рекламата.
„Ми направија царски рез и се сеќавам дека лежев таму, не се чувствував баш најубаво, да се изразам така“, додаде таа.
„И се сеќавам дека некој ми покажа насловна страница на весник, на кој имаше прекрасна фотографија на Дејвид помеѓу Џенифер Лопез и Бијонсе, а насловот беше ‘Што би рекла Пош?’
„Дозволете ми да ви кажам што би рекла Пош: Пош е бесна!“
На рекламата Џеј Ло и Бијонсе се испратени во мисија да поразат толпа лоши момци во ресторан во кој Дејвид вечера. Кога ќе се справат со негативците додека поранешниот фудбалер ги гледа со страхопочит, гламурозните поп-ѕвезди пијат ледено „пепси“.
Дејвид потоа седнува до нив. Џенифер му вели: „Ти си…“, а Дејвид ја прекинува: Да, јас сум“. Џенифер додава: Седиш на мојата чанта. Потоа ја грабнува чантата и излегува од ресторанот заедно со Бијонсе.
Во документарната серија „Бекам“ од четири дела Викторија исто така првпат се осврна на наводните неверства на Дејвид.
Во 2003 година, Дејвид, кој сега е косопственик на „Интер Мајами“, се пресели во Шпанија за да игра за „Реал Мадрид“ додека таа остана во Британија со своите два постари сина – Бруклин (сега 24) и Ромео (21).
Набргу потоа Ребека Лус и Сара Марбек тврдеа дека имале афера со Дејвид.
„Бекам“, документарна мини серија за глобалната фудбалска ѕвезда, почна да се емитува на „Нетфликс“ на 4 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајли Сајрус: Со години правеа мемиња од мене, кога облекувам костим за капење се сеќавам на тоа

Мајли Сајрус откри дека Интернетот одамна ја принудил да не оди на плажа во бикини. Во новото интервју пејачката зборуваше за тоа како со години ја следат мемиња кои го исмеваат нејзиниот изглед и дека тие слики сè уште и се појавуваат во главата секогаш кога ќе се погледне во огледалото во бањата.
„Во 2013 година луѓето ме ставаа во мемиња каде што ми ја лепеа главата на секакви грди тела“, се присетува Мајли. „И денес кога ќе го облечам костимот за капење се сеќавам на тие слики“. Затоа, вели, избегнува бикини. „Носам многу пристојни костими. Девојките со кои бев на патувањето сите имаа танга, а јас бев во шорцеви и широка маица. Буквално изгледав како баба”.
Сајрус призна дека никогаш целосно не ги преболела своите несигурности поради начинот на кој јавно ја исмевале. „Сè уште ме прогонуваат тие стари мемиња. Тие сè уште се во мене“.
Забава
Џеф Безос и Лорен Санчез вечераа во познат ресторан на Хвар: „Не можеме да ви кажеме што јаделе“

Џеф Безос и Лорен Санчез го посетија ресторанот „Код барба Луке“, кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар.
„Гостите беа задоволни од вечерата и воодушевени од Стари Град. Не можеме да ви кажеме што јаделе. Всушност, тие се многу фини луѓе“, изјави сопственичката на ресторанот, Катарина Роиќ-Скелин, за хрватски „Вечерњи лист“.
Таа додаде дека персоналот на ресторанот им служел на Безос и на другите гости со еднаква посветеност.
Забава
(Видео) Американскиот актер Ерик Дејн низ солзи: „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна, мојот крај“

Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), во април оваа година откри дека страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).
„Дијагностицирана ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го започнуваме ова ново поглавје во нашите животи. Љубезно ве молам да ни дозволите мене и на моето семејство приватност“, изјави тој за списанието „Пипл“ во тоа време.
АЛС е невролошко заболување кое води до постепено губење на мускулната контрола и во моментов нема лек.
Прво интервју по дијагнозата
Два месеци откако ја објави дијагнозата за АЛС, Ерик Дејн се појави во емисијата „Добро утро, Америка“. Досега е објавен само преглед од интервјуто. Целосното интервју ќе биде објавено на 16 јуни. Седејќи со Дајан Соер, тој зборуваше за својата борба со болеста.
„Секој ден се будам и веднаш си потсетувам дека ова се случува. Не е сон“, рече Ерик.
И покрај дијагнозата, актерот вели дека сака да остане позитивен. „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна. Не чувствувам дека ова е крајот со мене“, рече тој.
Тој стана многу емотивен и се расплака кога Дајан го праша кого прв повикал за да му каже за неговата болест. Одговорот на Ерик на ова не беше прикажан.
Ерик откри дека продолжува да ја снима третата сезона на „Еуфорија“ и покрај борбата со АЛС. Дејн го игра Кал Џејкобс во серијата на ХБО.