Забава
Мадона му се потсмева на папата со маица со католичка тема

Години по изјавата дека би сакала да го види папата како носи нејзина маица, на Мадона (65), конечно, ѝ се исполни желбата – на некој начин.
Поп-иконата, која води повеќедецениска битка со Ватикан поради употребата на провокативни верски и сексуални фотографии во текот на својата кариера, во вторникот се огласи на „Инстаграм“ со нова провокација.
Таа сподели фотографија со дрска маица на која е прикажан католичкиот поглавар облечен во наметка со натпис Мадона.
Според таблоидите, гламурозната објава е иронична референца на култниот цитат на Мадона: „Би сакала да го видам папата како носи моја маица“.
Приспособениот дизајн на Секс, миленик на колешката Џулија Фокс, која ги крши модните правила – го прикажува папата со низа огнени крилја зад себе.
Абел Капела Лока и Вил Ковал изјавиле за „Пејџ сикс стајл“ дека креацијата со папата била директно инспирирана од култниот цитат на Мадона. „Користевме црвен конец инспириран од црвената жица на кабала за да ја заштитиме енергијата на оној што ја носи“. додадоа тие.
„Ние сме буквално најголемите фанови на Мадона. Ја сакаме многу и длабоко ја цениме нејзината уметност, она што го направи досега и она што го прави. Значи, нема поголема чест од овие моменти“.
Според нив, Мадона е една од најпознатите икони на сите времиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Андријана Јаневска ја изведе „Ако утре ме нема“ од ДНК: Еден од најтешките настапи во мојата кариера…

„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… ‘Ако утре ме нема’ од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“, напиша пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи и објави снимка од настапот.
Забава
(Видео) Ед Ширан настапи на улица и ги воодушеви минувачите

Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан ги воодушеви обожавателите, минувачите и патниците со уличен настап во Лондон.
Ширан (34) свиреше на акустична гитара пред железничката станица Кингс Крос во петокот, облечен во впечатлива розова маица. Тој ја изведе новата песна „Азизам“, како и хитовите Perfect, Bad Habits и Shivers.
View this post on Instagram
Пејачот, познат по хитовите Shape of You и Thinking Out Loud, по настапот напиша објава на „Инстаграм“, во која атмосферата ја опиша како неверојатна.
Една случајна минувачка, која чекала меѓу возовите, изјави дека имала неверојатна среќа што била сведок на таква ѕвездена изведба.
Забава
Принцот Хари не сака Меган да објавува фотографии од децата?

Принцот Хари наводно не е премногу среќен што неговата сопруга Меган Маркл ги користи децата за да го промовира својот нов бренд As Ever.
Кралскиот уредник на британски „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3) ,на социјалните мрежи.
„Колку што сум запознаен, Хари би сакал неговите деца да останат надвор од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во петокот во A Right Royal Podcast.
View this post on Instagram
Од друга страна, Вилкинсон тврди дека Меган има поинаков став: „Таа порасна во Калифорнија и претходно веќе кажа дека сака да има калифорниски начин на живеење – да ги однесе на плажа, да излезат, да бидат активни“. „Таа не сака да ги крие“, рече новинарот иако забележа дека Маркл сè уште не ги покажува јасно лицата на своите деца, туку ги користи за да го претстави својот имиџ како мајка и домаќинка. „Хари, веројатно, не е премногу среќен поради тоа“, додаде Вилкинсон.