Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски: Охрид ќе добие реконструиран колекторски систем

Објавено пред

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Охрид во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“, од претседавачот на Советот Сашо Донев слушна со што се соочува колекторската станица, додавајќи дека од вкупно четири пумпи функционираат само две за да не се троши електрична енергија, како и дека во Охрид има мешовита канализација и кога има поројни дождови цела фекална канализација завршува во Охридско езеро.

dobivaj vesti na viber

– Еве ја секунднава станица, има четири пумпи, а во вакво време функционираат само една до две, за да не трошат многу електрична енергија. Кога има поројни дождови ги пуштаат сите четири за да може да се повлече колекторот и фекалната канализација и да се однесе во Враништа во пречистителната станица. Е проблем е тоа што ви кажав дека и во Охрид има мешовита канализација и кога ќе врне дожд, фактички притисок на колекторот прави дождовната канализација и тука има една преливна шахта, сега не знам дали можете да ја видиме, овде од другата страна и цела фекална канализација завршува во Охридско езеро, најчесто кога има поројни дождови, истакна Донев.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков посочи дека доколку тие 20-30 километри кои што треба да се одделат, ќе добиеме многу понормално функционирање на колекторот, односно независно.

– Настрана од самата обработка на отпадните води и на фекалната канализација, ние имаме потреба од реконструкција на оној веќе постоечки колектор, и на она кое што локалната самоуправа треба да го направи посебно во централното градско подрачје заради овие поројни дождови кои што Сашо ги спомна одделување на онаму каде што фекалната и атмосферската канализација се заедно и тоа е нешто што при поројни дождови, сериозно го оптеретува системот на функционирање на колекторот. И со овие 20 – 30 километри кои што треба да се одделат, ќе добиеме многу понормално функционирање на колекторот, односно независно. И нема да зависи дали ќе има поројни дождови или нема да има, па да мора колекторот со дополнителна снага да работи, за да најде начин и да ја исцеди водата од улиците во Охрид, истакна Пецаков.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски дека за реконструкција на ова е потребно да се побараат и пари од Европската унија од нивните грантови и фондови, бидејќи како што рече Охридското езеро е светска реткост и заштитена природна убавина според УНЕСКО.

– Овие кои што ги спомена одвојувањата во централното градско подрачје, помеѓу фекална и атмосферска канализација да се раздвојат, можете да започнете да правите проекти за да можеме со програмата за децентрализација на средства кога ќе се направи Влада да се финансира. Ќе мора да се обидеме да побараме пари за ова и од Европска унија и од таков тип на фондови и одредени грандови каде што ценам дека има. И јас сум убеден дека и Европска унија и канцеларијата тука ќе бидат подготвени да ни помогнат логистички и да се заложат во Брисел да се добијат средства, грант, а нешто и државата ќе учествува за да ова се санира, бидејќи навистина би било греота да во 21 век светска убавина како што е Охридското езеро, светска реткост и заштитена природна убавина според УНЕСКО, да не ја финансира самата Европска унија, кога Охридското езеро се наоѓа во Европа, без разлика што ние не сме дел од ЕУ, но сме кандидат за членство во ЕУ, вели Мицкоски.

Донев додаде дека она кое што било ветувано во минатото за колектрскиот систем не е реализирано.

– Она што беше ветено дека ќе има целосна реконструкција на колекторскиот систем не се оствари и сега ЈП Колекторски системи парцијално ги решаваат проблемите. Нормално колку ќе добијат средства од владата на Република Македонија. Ова се претседателе фекалиите кои што директно од функционалниот колекторски систем како што сакаше да каже директорот, завршуваат директно во Охридското езеро и во денови како што е денеска има сонце, повторно фекалии завршуваат во Охридското езеро, директно преку преливната шахта која што доаѓа од таму и завршува фекалната канализација тука, рече Донев.

Мицкоски потенцираше дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ја чека многу работа и решавање на проблемите кои ги наследиле.

– Не чека многу работа Саше. Не чека многу работа. Важно е дека се ова што ќе го наследиме. Имаме план да го решиме и ќе го решиме. И треба да го решиме. Мора да се реши. Мора да се реши, истакна Мицкоски.

Македонија

Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда

Објавено пред

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во знак на поддршка за поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), на кои им се суди во Хаг за воени злосторства.

dobivaj vesti na viber

Ахмети порача дека судскиот процес треба да заврши со ослободителна пресуда, оценувајќи дека обвинетите се соочуваат со обвинувања за дела кои, како што рече, не ги сториле.

Тој нагласи дека ОВК не била насочена против ниту еден народ, туку дека се борела за слободата на албанскиот народ.

„Време е нашите синови да се вратат дома. Нашите синови се невини, нашата борба е чиста. Војната на ОВК е света и затоа сите ние, големи и мали, мажи и жени, сме ОВК“, рече Ахмети .

Лидерот на ДУИ оцени дека, по Тирана и Приштина, и Скопје го покажало својот став со поддршката за, како што наведе, слобода и правда за поранешните припадници на ОВК.

Меѓу обвинетите во Хаг се поранешниот косовски премиер Хашим Тачи и поранешниот косовски претседател Јакуп Красниќи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Затворен сообраќајот на граничниот премин Евзони

Објавено пред

Од 11:00 часот граничниот премин Евзони (ГП Богородица) е затворен за сообраќај, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

За првпат во Македонија е изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација

Објавено пред

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) за прв пат во Македонија е изведена комплексна хируршка интервенција кај 4-годишно дете со редок конгенитален Спренгелов деформитет (Sprengel deformity), во соработка со проф. д-р Уфук Ајдинли од Република Турција.

dobivaj vesti na viber

Интервенцијата претставува значаен чекор во јакнење на капацитетите на македонскиот здравствен систем за третман на ретки и сложени ортопедски состојби во детската возраст, преку тимска работа, пренос на знаење и примена на современи оперативни техники.

„Оваа интервенција е резултат на врвна мултидисциплинарна координација – ортопедски тим, анестезија, интензивна нега и ургентна поддршка – со јасен фокус на сигурноста и квалитетот на самата постапка. Благодарение на соработката со проф. д-р Уфук Ајдинли, направивме значаен исчекор во третманот на ретки конгенитални деформации кај деца. Нашата цел е овој тип процедури да станат стандарден дел од клиничката пракса во земјата, со континуирана едукација и развој на домашните тимови,“ вели директорот на ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски.

Според министерот за здравство, Азир Алиу градењето доверба во здравствениот систем се прави со ваков вид на резултати, со знаење, со тимска работа и со создавање услови најсложените интервенции да се изведуваат во државата.

„Ова е пример како меѓународната соработка, размената на експертиза и знаење директно се претвораат во подобра грижа за пациентите. Министерството ќе продолжи да ја поддржува модернизацијата на клиниките, развојот на човечките ресурси и воведувањето современи медицински методи, со цел граѓаните да добијат модерен, функционален и одржлив здравствен систем“, вели министерот Алиу.

Спренгеловиот деформитет е ретка конгенитална состојба при која лопатката е поставена ненормално високо и е недоволно развиена поради неуспешна надолна миграција за време на ембрионалниот развој. Ова најчесто предизвикува видлива „испакнатина“ и ограничување на движењето на рамото. Состојбата неретко е поврзана и со други придружни наоди, како синдромот Клипел-Фил, сколиоза, а понекогаш и дополнителна коскена/влакнеста врска со ’рбетот (омовертебрална лента), поради што за прецизна дијагностика и планирање се користат снимања како КТ и/или МРИ. Оперативниот третман најчесто се резервира за потешки случаи во возраст од 3 до 8 години, со цел подобрување на функцијата и изгледот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во...

Македонија7 часа

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Како што...

Македонија8 часа

(Видео) Жената во Гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка, покажа обдукцијата

Завршена е обдукцијата на 53-годишната жена која беше пронајдена почината во атарот на гостиварското село Неготино. Според првичниот наод, таа...

Македонија8 часа

Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за обврските на Израел

Македонија гласаше воздржано на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации за резолуцијата што се однесува на обврските на Израел...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се претставува како противник на мигрантите, а во 2018 туркал камп во Бардовци

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека јавно настапува како противник на мигрантите, додека за време на...

Македонија10 часа

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Собранието, а не општините, мора да одлучува за прашањето со мигрантите, соопшти денеска СДСМ, оценувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски со...

Свет11 часа

Трамп, Бил Клинтон, Бил Гејтс се појавија на новите фотографии со Епштајн, претседателот се оградува: „Не знам ништо за тоа“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека не знае ништо за најновите фотографии поврзани со Џефри Епштајн, одговарајќи на новинарско...

Свет22 часа

ЕУ ја потврди одлуката за замрзнување на руските средства на неопределено време

Денес, Европската унија ја потврди одлуката за замрзнување на средствата на руските централни банки лоцирани во Европа на неопределено време....

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што...

Македонија1 ден

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека ќе нема мигрантски кампови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во...

Топ1 ден

Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода

Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие. Според информациите од...

Македонија1 ден

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од...

Македонија1 ден

(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин...

Топ1 ден

84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело –...

Македонија1 ден

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата...

Македонија1 ден

Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина...

Македонија1 ден

Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде...

Македонија1 ден

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама со променет статус во економски работници

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските...

Свет1 ден

(Видео) Шефот на НАТО: „Ние сме следната цел на Русија, немаме време“; Москва одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што...

Свет1 ден

(Видео) Австралиец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката: драматичен инцидент на 4.500 метри

Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB) објави снимка од падобранец чиј падобран се заплеткал во опашката на авионот среде...