Македонија
Државна лотарија: Јавниот повик за заедничко вложување за основање друштва за приредување на интернет игри на среќа е транспарентен и недискриминаторски
- Нема двојба дека Јавниот повик на Државна лотарија за заедничко вложување за основање друштва за приредување на интернет (онлајн) игри на среќа е транспарентен и недискриминаторски.
- Јавноста не треба да се доведува во заблуда со објава на неточни „предвидувања“, шпекулации и невистини.
Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија е на удар на обвинувања врз основа на неточни „предвидувања“ коишто се засновани на претпоставки и шпекулации, од периодот на објава на Јавниот повик БР. 01 – ПОТД/2023, за заедничко вложување за основање друштва за приредување на интернет (онлајн) игри на среќа.
Целта на ова постапка е Државна лотарија, како друштво во целосна државна сопственост, да ја преземе контролата над оваа специфична дејност во игрите на среќа – интернет игрите на среќа, со цел заштита на граѓаните од неконтролирано играње на странски платформи а воедно и да спречи да се одливаат средства во странство, наместо да се приходуваат директно во Буџетот на Република Северна Македонија.
Со невистините изнесени во дел од медиумите, поттикнати од неточни „предвидувања“ коишто се базираат на претпоставки и шпекулации, јавноста се доведува во заблуда,
Поради неточните претпоставки, недвосмислено укажуваме дека со тоа се нанесува штета на името на Државна лотарија и довербата во Друштвото коешто е единствен гарант на одговорното и контролирано приредување игри на среќа.
Воедно, се врши неоснован притисок, непоткрепен со никакви факти врз секојдневното работење на Државна лотарија и извршувањето на тековните обврски и продуктивната работа.
Оттука уште еднаш укажуваме на целокупната јавност во нашата земја за транспорентноста и законитоста на постапката во целина и дека на ниту еден начин Државна лотарија, го нема дискриминитрано, ниту пак ограничено правото на учество на кое било домашно или странско правно лице.
Правото на учество е транспарентно објавено во Јавниот повик, каде во точка 4 е наведено дека:
„Сите заинтересирани понудувачи, на јавниот повик ќе може да се пријават доколку самостојно ги исполнуваат условите од Јавниот повик или истите услови ги исполнуваат заедно со други друштва каде постои капитална поврзаност од најмалку 50 % или повеќе помеѓу истите“.
Државна лотарија при креирањето на Јавниот повик од страна на стручните служби, се водеше од идејата да бидат избрани како прифатливи сериозни партнери на полето на интернет игрите на среќа во однос на искуството во игрите на среќа, финансиските показатели на истите и техничките карактеристики за приредување на овој специфичен вид игри, без притоа да бидат ограничени домашните правни лица.
Заради тоа, Државна лотарија имајќи ги предвид можностите на домашните приредувачи на игри на среќа врз основа на анализи на пазарот што се однесува конкретно на ограниченото искуство во приредување на интернет (онлајн) игри на среќа, со што истите се здобија во време на КОВИД-19 (согласно Уредбата на Владата на Република Северна Македонија од 24.04.2020 година со законска сила за примена на Законот за игрите на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба), ја предвиде можноста истите капитално да се здружуваат со други правни лица.
Исто така укажуваме дека Јавниот повик овозможува поттикнување конкуренција во дејноста на интернет игрите на среќа и сузбивање на монополот со избор на партнери на Државна лотарија за основање на нови друштва за приредување интерент игри на среќа.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.
Македонија
Состојба по обилните врнежи во Македонија: пресек на ЦУК до 12:30 часот
Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 12:30 часот.
Скопски регион
– На подрачјето Скопје не се евидентирани нарушувања на редовната состојба. Во моментов нема врнежи од дожд или снег и состојбата е стабилна.
Тетовски регион
– Состојбата во Тетово и околината е стабилна, без нарушувања во редовното функционирање. Сите патни правци се проодни, а коловозите се претежно влажни.
– ЈП „Македонија пат“ редовно го одржува патниот правец Тетово – Попова Шапка.
– Во врска со појавениот одрон на патниот правец Гостивар – Маврово, кај каменоломот, надлежните служби се известени и најавено е ангажирање екипа за расчистување и нормализирање на сообраќајот.
Струмички регион
– На територијата на Струмица нема пријави за настанати штети. Во моментов нема активни врнежи и не постои опасност од излевање на реките. Не се евидентирани одрони или непроодни патни правци.
Велешки регион
– На подрачјето на Велес состојбата е стабилна, без нарушувања, и во моментов нема врнежи од дожд или снег.
Кумановски регион
– На територијата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а водостоите се во опаѓање.
– Сите патни правци се проодни и чисти. Патниот правец од с. Пелинце до Граничен премин Пелинце беше подмрзнат, но по интервенција од ЈП „Македонија пат“ истиот е целосно расчистен.
– Во Крива Паланка, Кратово и Страцин сите главни патни правци се проодни, со тековни интервенции за расчистување на одрони и снег на одредени локални делници.
Штипски регион
– На подрачјето на Штип во моментов нема врнежи, а состојбата е стабилна.
Охридско-струшки и западен регион
– Во Охрид, реката Сушица е ставена под контрола со изградба на заштитен насип. Сепак, на повеќе локации се уште има поплавени подрумски простории и дворови.
– Во Струшко, во селата Мислешево и Калишта има поплавени дворови, а состојбата се следи од надлежните служби.
– Во Дебар, реката Радика има зголемен водостој, но без опасност од излевање. Патните правци се проодни, со појава на помали одрони кои редовно се расчистуваат.
– Во Кичево, водостоите на Зајашка река и реката Треска се намалени и нема опасност од нови поплави. Во тек е состанок на Општинскиот кризен штаб за натамошни активности.
Битолско-пелагониски регион
– Во Демир Хисар, поради оштетување на мост на Боишка река, локалниот пат за с. Мренога е затворен за сообраќај.
Реките се вратени во коритата, освен река Црна во атарот на селата Жван и Единаковци, каде се уште има излевање и поплавени земјоделски површини.
– Во Битола, состојбата е нормализирана, а водата постепено се повлекува од зафатените површини. Нивото на река Црна кај Новаци изнесува 320 см.
– Во Ресен, поплавените земјоделски површини се во фаза на повлекување на водата, а во тек се интервенции за расчистување на коритото на Голема Река.
Македонија
ДИК: Излезноста до 11 часот во четирите општини е 3,32 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 11:00 чaсот, од вкупно запишани 128.286 гласачи на 215 избирачки места од општините Врапшиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, каде денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник на општина, гласале
3.553 гласачи, односно 3.32 %.
– Врапшиште, гласале 834 гласачи, односно 3.02 %.
– Гостивар, гласале 1937 гласачи, односно 3.14 %.
– Центар Жупа, гласале 168 гласачи, односно 2.22 %.
– Маврово и Ростуше, гласале 624 гласачи, односно 5.90 %.
Како што информира ДИК, во споредба со гласањето на 19 октомври 2025, до 11:00 часот, на овие повторени избори се забележува разликата во однос на излезеноста во овие општини и тоа:
– Врапшиште, зголемена за 0.48_%.
– Гостивар, намалена за 1.96 %.
– Центар Жупа, намалена за 2.61 %.
– Маврово и Ростуше, намалена за 5.82 %.

