Македонија
Тренчевска: И момчињата и девојчињата треба да ги уживаат човековите права на иста основа без дискриминација
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше дел од панел дискусијата „Стратешко планирање за храбра иднина за телесната автономија на жените и на девојчињата во регионот“ како дел од конференцијата „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија за жени и девојчиња“.
Министерката го истакна значењето на телесната автономија посочувајќи дека нашето тело е единствено нешто што ни припаѓа нас и одлуката за тоа што ќе правиме со телото е само наше. Таа посочи дека тоа е основно човеково право чиј темел е родовата еднаквост.
„Родовата еднаквост е во основата на телесната автономија. Затоа што и девојчињата и момчињата треба да ги уживаат човековите права на иста основа, без дискриминација, без насилство и со разобличување на родовата нееднаквост во социјалните норми“, рече министерката.
Таа истакна дека она што треба да го направиме во иднина е градењето на партнерство со мажите. Посочувајќи дека и денес во публиката на конференцијата присуството на мажи треба да биде поголемо за да не ја водат дискусијата за вакво важно прашање само жените.
„Ако сакаме жената да ја вклучиме на пазарот на трудот и одлучувачките процеси мораме да имаме политики каде се усогласува семејниот и професионалниот живот. Додека за успех она што во иднина треба да го направиме е поголема примена на одредбите од меѓународните конвенции и обврската која државата ја има земено кога ги има ратификувано“, истакна Тренчевска.
Таа се осврна и на брзиот технолошки развој и зголемената употреба на социјалните медиуми, посочувајќи дека наместо да донесат добро тие придонесоа кон поголема дискриминација и стигма кон концептот на родова еднаквост меѓутоа и кон жените кои имаат голем придонес кон различни области во животот. Министерката во оваа насока истакна дека мора да се работи и со младите на оваа тема затоа што со налетот на новите технологии младите имаат се помалку информации за нивната вистинска примена. Таа истакна дека тие се секојдневно подложни на читање на лажни вести за кои се помалку се проверува изворот на веста. Министерката рече дека со поголемата едукација на овие прашања може да се даде поголем отпор на анти-родовите движења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

