Македонија
(Видео) Ковачевски: Да ги усвоиме уставните измени и може да одиме на избори
Терминот за парламентарните и претседателските избори се дефинирани согласно Закон. Барањето на Мицкоски е уште едно барање за ставање на институциите, на процедурите и законите на страна и договарање на некакви маси на нешто што е регулирано со закон. Ние сме имале лидерска средба може да имаме и повторно меѓутоа и тоа прашање е апсолвирано веќе со оглед на тоа дека ние имаме поважен процес во државата од избори кои ќе бидат во својот редовен термин а тоа е носењето на одлуките за продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на прес конференција по завршување на Самитот на Европската политичка заедница во Шпанија.
„Јас ја видов изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Сакам да му одговорам на првиот дел од неговата изјава во која што тој споменувше автори од делот на психотерапијата. Сметам дека проблемите на Северна Македонија се многу помалку од психотерапевска природа, односно тие се многу повеќе проблеми од гастро ентеро-патолошка природа со оглед на блокадите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и во носењето на одлуките за интеграција на нашите граѓани и на нашата држава во ЕУ. Што се однесува до самите избори, изборниот законик и до набљудувањето на изборите прво парламентарните избори се дефинирани согласно закон исто како што се дефинирани и претседателските избори со закон. Во однос на измените на изборниот закон и тоа добро го знае претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Министерството за правда работи работна група за измени на изборниот законик која што ја предводи господинот Новаковски кој што е искусен правник и е поранешен член на ДИК. Во таа работна група учествуваат претставници на сите политички партии освен претставник на ВМРО-ДПМНЕ по нивна волја. Иако кога се формираше работната група не само што беа повикани, туку и беше понудено претседател на комисијата да биде предложен од ВМРО-ДПМНЕ меѓутоа тие одбија“, одговори Ковачевски на новинарско прашање.
„Ова барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е уште едно од низата барања за да ставање настрана на институциите во државата, ставање настрана на Парламентот во државата, ставање настрана на процедурите и законите и договарање на некакви маси на нешто што е регулирано со закон.
Кај нас точно е дефинирано кога ќе се одржат претседателски избори кога ќе се одржат парламентарни избори во нивните редовни термини.
Во однос на набљудувачките мисии исто така треба да знае ако не знае дека штом ќе се распишат изборите било да се тие претседателски или парламентарни избори тогаш се испраќа од МНР барање до ОБСЕ-ОДИХР да испрати долгорочна мисија која што го набљудува целиот процес на подготовка на изборите, а со почетокот на изборната кампања и одржувањето на самите избори доаѓа набљудувачка мисија теренска која што ги надгледува изборите и нивното одржување и потоа поднесува извештај.
Така да штом ќе бидат распишани изборите кога тоа претседателот на Собранието ќе го направи тогаш ќе бидат спроведени и сите овие постапки.
Што се однесува до лидерски средби, ние сме имале лидерска средба може да имаме и повторно каде што нормално ќе учествуваат сите лидери бидејќи одлуките за избори се носат со консензус меѓутоа и тоа прашање е апсолвирано веќе со оглед на тоа дека ние имаме поважен процес во државата од избори кои ќе бидат во својот редовен термин бидејќи веќе никој не зборува за предвремени избори, а тоа е носењето на одлуките за продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата.
Што значи дека и таа понуда се уште важи дека можеме уште во понеделник да закажеме седница на Собранието на кои ќе бидат изгласани уставните амандмани и истиот ден да се закажат избори и да одиме на избори. Зборувам за предвремени парламентарни.
Исто така на маса е и другиот предлог, а тоа е да се отпочне процесот за уставните измени, за ВМРО-ДПМНЕ да биде дел од Владата исто така како што бараа и прифатија на прес конференција, да се подготват изборите. При тоа да биде завршен и скринингот да бидат отворени поглавјата од првиот кластер да затвориме едно или две поглавја и потоа да одиме на претседателски и на парламентарни избори. Што секако би претставувало некаков договор во однос на најважното прашање кое што го имаме за граѓаните и за државата. Се друго е разговор на теми кои што му значат само на некого кој што сака без политичка програма да оди на избори. На претседателските избори повторувам пак дека кандидатот на европската коалиција ќе биде победничкиот кандидат. Подоцна на парламентарните избори повторно европската коалиција ќе ја предводи Владата која што ќе ја внесе земјата во ЕУ и конечно нашите граѓани нема да мораат да одат во ЕУ и да работат во ЕУ со пасоши на други држави туку ќе работат во своја земја Северна Македонија членка на ЕУ со многу поголем плати, со многу поголем животен стандард со подобри услови итн“, додаде премиерот Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

