Црна хроника
Приведен крадец во Струмица, одземеното вратено на сопствениците

Вчера, во 18.15 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 21-годишниот Е. И. од Шуто Оризари – Скопје, извести МВР.
„Тој се сомничи дека претходно одзел едно моторно возило и извршил тешка кражба во куќа во Струмица, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени возилото и одземените предмети и биле вратени на сопствениците“, соопшти МВР.
Е. И. бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.