Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата со поскапувањата го полни буџетот кој после го дава на своите партиски донатори или на бифтеци и ф`стаци

„Владата на ДУИ и СДС ги потроши парите од буџетот на криминални и матни тендери и сега ќе го полни преку зголемени даноци на прехранбените продукти. Тоа кое што го најавуваше како повисоко ДДВ за луксузни производи, се претвори во поскапи цени за сирење, компоти, феферони, брашно, детска храна и други артикли кои просечните, па и посиромашните граѓани секој ден ги купуваат.
Ова значи само посиромашни граѓани и повеќе пари во буџетот за криминалите на власта. Им недостасуваат пари во буџетот затоа што го трошат немилосрдно буџетот за проекти за кои што шајка не е закована, за тендери на компании кои се нивни донатори, за организирање на партиски прослави или за полнење на ташни со снопчиња кеш.
Народот сега или треба да се откажува од прехранбени производи или поскапо да ги плаќа за некој во влада да крка бифтеци, да купува службени возила или да троши пари на ф`стаци, кафиња и цвеќиња.
Ова мора да престане. Власта мора побрзо да замине и потоа да одговара за безмилосното осиромашување на својот народ“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.