Контакт

Култура

Џифонци ќе учат и како да се препознаат лажните вести, светска премиера на босанскиот краток филм „Јан“

Објавено пред

Како да ги препознаеме лажните вести – со свое предавање денеска во 17 часот, претставници на организацијата „Метаморфозис“ од Скопје ќе се обидат да им помогнат на младите да ја подобрат својата медиумска писменост.

dobivaj vesti na viber

Денес на „Џифони Македонија“ сениорите ќе го гледаат украинскиот филм Лист, камен, граната“, кај кадетите е на програмата италијанскиот „Својствата на металите“, а јуниорите ќе го гледаат холандскиот филм „Ромаиса, суперхероината од Ротердам“. Следи и проекција на втората група кратки филмови кои се натпреваруваат за една од трите награди за „најдобар ЕПИК краток филм“.

На попладневната програма која е отворена за пошироката публика денеска во киното Фросина во 17:45 часот ќе се одржи и светска премиера на краткиот филм „Јан“ на Кенан Мусиќ, по што ќе следи средба со режисерот и дел од актерската екипа. Станува збор за филм за пријателство и љубов, во момент во животот кога на импулсите и на промените не може да им се одолее. Брутално искрена врска во брутална средина, што не прифаќа искрени емоции и не разбира дека понекогаш разумот не е најважната работа. Влезот е слободен.

Богат трет ден имаа учесниците на фестивалот вчера. Имаа можност да го проследат краткиот хорор филм „Лубеница“ на Мартин Чичовски и Оливера Каменарова, по што следуваа лавина прашања. Младите му честитаа на Чичовски за филмот, кој објасни дека за филмот веќе има интерес за негова американска продукција и дека ќе добие всушност нова верзија.

-Хоророт е возбудлива форма. Секој филм има свој јазик и гледачот треба да си најде свое толкување. Филмот го спремавме два месеца, им благодарам на сите што ни помогнаа, снимавме во Марков манастир покрај реката и беше одлично искуство. Многу е убаво кога работите со ваши пријатели со кои лесно се разбирате. Со Оливера се познаваме со години и иако сме многу различни, кога работиме филм, ние сме на иста бранова должина – рече Чичовски и им порача на младите дека на „Џифони“ сѐ е можно, а потсети и дека многу работи за филмот ги научил токму на фестивалот.

Во рамките на програмата „ЕПИК разговори“, дел од проектот ЕПИК, се одржа пане дискусија со претставници на фестивали од регионот посветени на младите филмски креативци – Омладински филмски фестивал од Босна и Херцеговина, „Филмарт“ со фестивалот „Интеракција“ од Србија и Олимпија филм фестивал од Грција. Дискусијата беше фокусирана на филмот кој во рацете на младите креативни луѓе може да послужи како алатка што ќе го подобри светот. Сите учесници се согласија дека филмот е многу важен медиум што може да ги поврзе младите и ги охрабрија џифонци да се впуштат во реализација на своите идеи, да ги срочат своите мисли во видео форма и да ги испратат своите остварувања на фестивалите во регионот, кои можат и да им помогнат во тој потфат, бидејќи поддржуваат и развој на сценарио, на претпродукција и слично.

Слаѓана Петровиќ-Варагиќ од Србија го претстави фестивалот Interaction кој е резултат на долгогодишното искуство на здружението „Филмарт“ во едукација и продукција на кратки документарни филмови од млади автори. Тие организираат работилница во август, на која годинава учествуваа и млади од Македонија. Таа истакна дека го избрале документарниот филм како многу силен медиум за да се раскаже приказна, чини многу поевтино од играниот филм и така може повеќе млади да се охрабрат, особено на Балканот, да снимаат.

-Ние ангажираме млада публика од помали места, а доаѓаат луѓе од цел свет и тоа е многу интересно искуство за децата од регионот, бидејќи имаат можност да разговараат со гостите и да дознаат повеќе за нивната работа.

Ирене Зеза го претстави Олимпија филм фестивал, што веќе 26 години се одржува во Пиргос, Грција

-Секој декември имаме фестивал на филмови за деца и млади од професионалци, а имаме и дел направен за деца од цел свет. Имаме работилници, мастеркласи, обуки за наставници. Нашиот фестивал се одржува во мало место и цела недела кога се случува, насекаде има деца, млади, со камери во раце. Таа глетка е преубава – вели Зеза.

За Омладински филмски фестивал од Сараево зборуваа Мирза Чустовиќ и Кенан Мусиќ.

-На Омладински фестивал прикажуваме филмови на млади автори. Има три начини да учествувате, со ваш филм, со идеја и да добиете соработка со нашите партнери. Филмот како медиум сѐ уште не добива доволно признание од општествата и од филмските центри. Во последните години поддршката е сѐ помала и затоа ваквото поврзување како во Проектот ЕПИК е многу важно и корисно за сите нас. Видеото и филмот се форма на уметнички израз која најбргу допира до публиката, особена младата публика. Охрабрете се да ги исораќате своите остварувања или идеи на разни фестивали, оти тоа е многу важно – вели Мусиќ, кој истакна дека бил на „Џифони Италија“ во 2013 година и смета дека како концепт, тоа е најубавиот филмски фестивал што некогаш е направен.

Веднаш по дискусиите следуваше омилената традиционална меѓународна вечер на која младите се забавуваа, дознаваа за културата на секоја земја, на свој автентичен начин, и се насладија со вкусовите на гастрономските специјалитети на сите земји учеснички.

Култура

Концерт – рецитал на Горјана Стојановска во македонскиот КИЦ во Софија

Објавено пред

На 30 јуни (понеделник) 2025, со почеток од 18:30 часот, во Македонскиот КИЦ во Софија ќе се одржи Концерт – рецитал на македонската пијанистка Горјана Стојановска од Битола. На концертот во Софија таа ќе ја претстави убавината и длабочината на класичната музика преку интерпретација на дела од Ј. С. Бах, Ф. Шуберт, Ф. Лист и А. Скрјабин.

dobivaj vesti na viber

Настанот ветува уникатно музичко патување, кое ќе ги поврзе различните стилови и периоди, создавајќи емотивно искуство за публиката. Програмата ќе ја поттикне длабочината на чувствата, размислувањата и инспирацијата, како и важноста на класичната музика во современото општество. Ќе биде овозможено поврзување со историјата и духот на музиката, како и уживање во магијата на живата изведба.

Горјана Стојановска е родена во Битола. На осумгодишна возраст го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште – Битола, каде што и матурира во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Првите две години од високото образование на Факултетот за музичка уметност во Скопје ги поминува во класата на проф. Борис Романов, а вторите две во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска кај која и дипломира во 2017г, а во 2019г и магистрира.

Во 2018 година се запишува и на усовршуавње на Academia Talent Music Master во Бреша, Италија во класата на проф. м-р Рубен Далибалтајан. Академијата успешно ја завршува во 2020 година. Учествува на мастеркласи кај истакнати педагози меѓу кои: Борис Романов, Јуриј Кот, Андреј Диев, Рувен Далибалтајан, Јулија Губајдулина и др.

Горјана има освојувано бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Во своето дејствување како пијанист има реализирано многу солистички рецитали, а во 2011 и 2014 година настапува како солист со Македонската филхармонија. Бележи настапи на повеќе фестивали како Есенски музички свечености – Скопје, Подиум на млади (како вонредна програма на фестивалот “Охридско лето”) – Охрид, Бит-Фест – Битола. Во 2024 година настапува во Виена како солист со камерниот оркестар на Националната опера и балет.

Од 2021 година работи како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.

Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Едмонд“ денес премиерно во Битолски театар

Објавено пред

Претставата „Едмонд“ според текстот на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски, денес премиерно ќе биде одиграна на големата сцена на Битолскиот народен театар. Се работи за петта по ред премиера за оваа година. Директорот Васко Мавровски вели дека во периодот септември 2024 / јуни 2025, е постигнат е апсолутен рекорд на премиерно изведени претстави, 12, а следи и премиерата на “Рибарски караници” која ќе се одигра на 25.07.

dobivaj vesti na viber

„Во овој период одиграни се 129 претстави, или на секои 2.5 дена се изведувала по една претстава. Во салите на НТБ, не посетиле 25.141 гледач, или во просек сме имале по 194 гледачи по претстава“, рече директорот Мавровски.

„ Јас сум радосен што работам овде, бидејќи не сум работел во земјава од 2011, и е убаво да се работи на својот јазик. Ние имавме многу убави осум недели работа и веруваме дека завршивме одлична работа. Беше задоволство да се работи со талентираниот ансамбл на Народен Театар Битола, предводен од Огнен Дранговски, еден од најдобрите актери во Македонија и Балканот. Верувам дека ЕДМОНД ќе стане значајна точка во несомнено богатата историја на Народен Театар Битола“, рече режисерот Оливер Мицевски.

Претставата го следи вртоглавото / спирално патување на бизнисменот Едмонд Бурк и неговите кошмарни 48 часа во њујоршкото подземје, каде што барајќи возбуда и среќа, од баналноста на неговата канцеларија и монотон семеен живот завршува како убиец и подоцна како затвореник, најверојатно осуден на доживотен затвор. Богат со многу параболи, референци на Хамлет и Библијата, прошаран со несекојдневно брутален јазик и агресивни сцени, главното прашање коешто Едмонд го отвора е прашањето на слободата. Што е слободата всушност? Дали потрагата по слобода прави всушност, незабележително да станеме робови на својата (потрага по) слобода. Дали откажувањето / лимитирањето на своите желби го олеснува патот кон слободата? Не случајно, мотото на Едмонд е : “Внимавај што посакуваш.”

Покрај Дранговски во претставата играат Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Викторија Степановска-Јанкуловска и Маја Андоновска-Илијевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката на Марјан Неќак.

Прикажи повеќе...

Култура

Скопско лето: В понеделник џез концерт на Ѓорги Шаревски трио во Сули ан

Објавено пред

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје в понеделник повикува на џез концерт на Ѓорги Шаревски трио во Сули ан со почеток во 20.30 часот. Покрај Шаревски, ќе учествуваат и Акира Накамура од Окинава, Јапонија на тапани и Оливер Јосифовски на контрабас.

dobivaj vesti na viber

„Извонредна интеркултурна соработка, каде што триото на Георги Шаревски се обединува со еминентниот јапонски тапанар Акира Накамура за динамичен настап што умешно ја обединува источната прецизност со европската џез естетика.Предводено од македонскиот гитарист и композитор Георги Шаревски, фокусот на ова посебно трио се автентични авторски композиции, прецизна меѓусебна комуникација и соврмени хармонски структури. Со приклучувањето на Накамура и неговиот изразен ритмички јазик и смела импровизациска визија, овој исклучителен настап претставува возбудливо музичко патување исполнето со спонтаност, експлозивна енергија и бесконечен грув“, велат од Дирекцијата за култура и уметност.

Публиката ќе има можност да слушне внимателно избрана програма составена од авторски композиции, кои ги прошируваат хоризонтите на современиот џез израз.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија3 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија4 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија4 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија4 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија6 часа

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија8 часа

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион8 часа

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет9 часа

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа9 часа

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија10 часа

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет10 часа

Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум...

Македонија21 час

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион23 часа

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија1 ден

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...

Македонија1 ден

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на...

Топ1 ден

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...

Македонија1 ден

Скандалозен тендер за возачки испити, СДСМ бара истрага и одговорност од Тошковски

СДСМ алармира за нов скандал во Министерството за внатрешни работи, овој пат поврзан со сомнителен тендер вреден милиони денари за...

Топ1 ден

Девојка (27) пронајдена мртва во Дебарско Езеро, Обвинителството истражува

Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро. Како што информираше ОВР Дебар, околу...