Свет
(Видео) Украина: Во вонредна операција го фативме командантот на рускиот баталјон „Алга“
Украинската трета одделна јуришна бригада објави дека нејзините членови го фатиле командантот на рускиот доброволен баталјон „Алга“ на бојното поле кај Бахмут.
„Во вонредна операција на бојното поле во Бахмут војниците на третата одделна амфибиска јуришна бригада заробија непријателски мајор, командант на доброволниот баталјон ‘Алга’ на 72. одделна бригада со пушка на Руската Федерација“, изјавија тие.
⚡️ The Third Assault Brigade captured a commander of a Russian army volunteer battalion!
As a result of a unique operation in the Bakhmut sector, fighters of the Third Assault Brigade captured an enemy major, commander of the volunteer battalion “Alga” of the 72nd Separate… pic.twitter.com/ciWer40oMu
— Slava (@Heroiam_Slava) October 9, 2023
Велат дека рускиот командант сега е дел од фондот за размена, кој вклучува високи офицери на окупаторите. Тврдат дека го прашале за состојбата на руските сили во таа област, на што тој одговорил дека во тој реон се убиени тон луѓе, пренесува „Украинска правда“.
Баталјонот „Алга“ е волонтерска единица од Република Татарстан, федерален субјект на Руската Федерација. Во март оваа година некои корисници на социјалните мрежи тврдеа дека баталјонот е неутрализиран во Украина, но командантот тогаш рече дека овие тврдења предизвикуваат тензија и паника.
Тој возврати дека за време на војните секогаш има воени и цивилни жртви, а руските корисници на социјалните мрежи што зборуваат за загубите на неговиот баталјон ги нарече предавници и дезертери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

