Контакт

Забава

Дејвид Бекам ја прозва Викторија за коментарот дека потекнува од работничка класа и покрај „ролс ројсот“ на татко ѝ

Објавено пред

Дејвид Бекам се пошегува на сметка на својата сопруга Викторија откога таа во новата документарна серија „Бекам“ на „Нетфликс“ рече дека потекнува од семејство од работничка класа.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот играч на „Манчестер јунајтед“ реагира кога таа малку претера во однос на своето детство во текот на разговор со продуцент во соло интервју.

„И двајцата потекнуваме од семејства што работат многу напорно“, рече модната дизајнерка (49). „Моето семејство е трудољубива работничка класа“.

Веднаш штом го слушна ова, нејзиниот сопруг (48) ја протна главата низ вратата и ѝ рече да биде искрена.

Викторија одговори: „Јас сум искрена“, на што Дејвид ја замоли да каже со каков автомобил ја возел татко ѝ на училиште кога била дете.

Кога таа се обиде да се извлече од одговорот, Дејвид повторно ја прекина, а нивното меѓусебно задевање продолжи. „Зависи“, рече Викторија во одбрана. Дејвид продолжи: „Не, не, не“, а поранешната „спајс грл“ не попушти.

„Во ред, во 80-тите татко ми имаше ‘ролс-ројс’“, призна Викторија, позната како Пош Спајс, а Дејвид ѝ се заблагодари и ја напушти просторијата во која неговата сопруга даваше интервју.

Забава

(Видео) Џенифер Лопез објави видео со кое ги засили гласините за развод

Објавено пред

Пејачката и актерка Џенифер Лопез објави видео во кое го промовира својот бренд за убавина на социјалните мрежи, но уште еден детаљ привлече внимание.

dobivaj vesti na viber

Имено, многумина забележаа дека пејачката на спотот не носи бурма.

Тие истакнуваат дека иако не носи бурма, на десната рака носи други прстени, а со овој потег сигнализира потенцијален развод со актерот Бен Афлек.

Светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на славниот пар.

Сомнежите се засилија откако се дозна дека Бен и Џенифер ја продаваат вилата што заедно ја купија пред една година. Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на нејзиниот нов филм.

Во голем дел од коментарите под ова видео се споменува нејзиниот изглед. Многумина забележале дека таа видно ослабела. „Убава си, но зошто ослабе толку многу килограми?“, „Многу си ослабела“, „Дали јас сум единствената што забележала дека Џенифер многу ослабе?“, се некои од коментарите.

Некои пишуваа дека Џенифер мора да биде под голем стрес со оглед на тоа што веќе подолго време на големо се зборува за разводот.

Прикажи повеќе...

Забава

Влатко Стефановски слави 50 години кариера

Објавено пред

Влатко Стефановски, композитор, текстописец, пејач, автор на применета музика за филмови и театарски претстави, годинава прославува јубилеј – 50 години успешна кариера.

dobivaj vesti na viber

Во сабота на 6 јули ќе има целовечерен концерт во Ниш, во недела првпат ќе настапи во Белград како дуо со Васил Хаџиманов, во Ботаничката градина на фестивалот „Џез во градината“, а на 16 декември во новореновираниот Сава Центар.

Влатко е роден во типично театарско семејство. Неговите родители, како уметници, често патувале, па така набрзо Стефановски се преселил во Скопје, во населбата Тафталиџе. Влатко Стефановски живее со своето семејство (која ја сочинуваат сопруга Гордана, ќерката Ана и синот Јан) во Скопје. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го сместил неговото тонско студио „Езотерија“.

Прикажи повеќе...

Забава

Бекамови ја рекреираа својата позната виолетова свадбена облека: Изгледав како од филмот „Глуп и поглуп“

Објавено пред

Викторија и Дејвид Бекам објавија фотографија на Инстаграм пред 25-годишнината од бракот.

dobivaj vesti na viber

Со оваа фотографија тие ја рекреираа својата многу позната виолетова свадбена облека. И двајцата се во виолетова боја и седат на златен трон.

„Погледнете што најдовме“, гласи описот на објавата која има речиси милион лајкови на Инстаграм.

Дејвид претходно се пошегува на сметка на модната комбинација на „Desert Island Discs“ на Радио 4 во 2017 година: „Имав дури и виолетова капа, што мислев? Изгледав како момците од „Dumb and Dumber“.

Во коментарите на Инстаграм, мајката на Дејвид, Сандра напиша: „25 години и сè уште изгледате неверојатно, посебни спомени“. Неговата помлада сестра Џоан напиша: „Сега изгледаш исто толку добро како тогаш“. „Ќе им кажам на моите деца дека ова се кралот и кралицата на Англија“, „Ова е моето кралско семејство“, гласеше коментарот.

Една година по средбата, парот се сврши, а медиумите ги нарекоа Пош и Бекс. Дејвид ја запросил во хотелот по натпреварот со Манчестер Јунајтед. Двојката се венча во замокот Лутрелстаун во Ирска во 1999 година на раскошна церемонија, која чинеше речиси 1 милион фунти. Викторија и Дејвид имаат четири деца, синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.

Двојката помина романтичен викенд на Сардинија пред 25-годишнината од бракот. Инаку, во 2022 година, годишнината ја прославија во Хрватска, каде веќе традиционално секоја година се со семејството на островот Лопуд.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Сиљановска Давкова со честитка до Бајден по повод Денот на независноста: Ние сме горди на традиционалното пријателство со американскиот народ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, упати честитка до претседателот на САД, Џо...

Македонија23 минути

120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло, тврди Радев

Претседателот на Бугарија Румен Радев на работна средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина, разговарале за итно интензивирање на...

Македонија24 минути

Герапетритис со порака до Скопје и Тирана: Дејствата со иредентистички тенденции не помагаат на патот кон европското семејство

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, ги нападна Скопје и Тирана во средата, за време на состанокот со неговиот...

Свет2 часа

Русија тврди дека уништила украински „миг-29“ на аеродромот „Долгинцево“

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека на аеродромот Долгинцево во областа Дњепропетровск е уништен украински борбен авион МиГ-29....

Регион2 часа

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС предупредувања: Се приближува силно невреме, град и грмежи

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС порака...

Свет2 часа

(Видео) Ураганот Берил уништува се пред себе: Јамајка е погодена од ветрови со брзина од 215 километри на час, следен е Мексико

Силниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд, оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на карипскиот остров, јавува...

Свет3 часа

Американскиот новинар Такер Карлсон најави интервју со Зеленски

Американскиот новинар Такер Карлсон, кој го привлече вниманието на светската јавност кога во февруари го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин...

Регион3 часа

Силни молњи предизвикаа пожари на Тасос

Силни молњи вчера предизвикаа два пожара на грчкиот остров Тасос, еден ден откако пожарникарите се справија со шумските пожари поттикнати...

Македонија3 часа

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот Коце Трајановски, кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата

По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, велат од СДСМ. „Јавното...

Македонија17 часа

Јавниот превоз ќе продолжи сепак да функционира непречено, откако од ЈСП рекоа дека скопјани ќе останат без приватен автобуски превоз

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе...

Македонија23 часа

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ: Освен темелни промени, не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Денеска, во седиштето на партијата Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му...

Македонија23 часа

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев, најави дека ќе...

Топ23 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник

Денеска, во 00.30 часот, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот кај клучката Гевгелија кон Граничниот премин Богородица...

Македонија23 часа

За децата со посебни потреби, кои не може да следат редовна настава, министерката Јаневска најавува општински училишта со ресурсен центар

Тоталната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас, министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека е...

Македонија23 часа

Дамева: Граѓаните заслужуваат правда, не им е важно кои се членовите или претседателот на Судскиот совет, туку кој судија останува во судница

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не ја поддржува тезата за колективна одговорност и смета дека индивидуалната одговорност мора да...

Македонија24 часа

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение

Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено...

Македонија1 ден

Паднати дрвја, оштетени возила, повредено лице – невремето ги зафати Скопје, Струмица, Битола, Гевлегија, Валандово

ЦУК: 2.381 повици на 112 во последното деноноќие, повеќето за штети и опасности настанати од невремето во Скопско, Струмичко, Битолско,...

Македонија1 ден

Се враќаат оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску, велат од СДСМ

Според СДСМ, само по неколку владини одклуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа...

Свет1 ден

Лукашенко: Белоруските трупи се во состојба на готовност

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека безбедноста на државната граница е зајакната, а одредени војници се ставени во состојба...

Свет1 ден

Се урна зграда, загинаа најмалку 14 лица во Египет

Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање трикатна зграда во јужниот дел на Египет. Инцидентот се случил...