Македонија
(Видео) Левица со предлог закон за целосно снабдување на пациентите со препарати за третман на дијабетес
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/borislav-krmov.jpg)
„Со тековниот текст од Законот, пациентите имаат право на цитостатици, инсулин и хормони за раст – нашите измени целат на потребите на пациентите со дијабетес, и ние го надополнуваме Законот за освен инсулин да стојат и апарати и ленти за мониторинг на гликемија, системи за континуирано мерење гликемија и инсулински пумпи за дозирање, коишто се многу битни, а и други работи како инсулински игли“, кажа на денешната прес-конференција, пратеникот од Левица, Борислав Крмов за предлог-Законот за здравствена заштита.
– Државата мора да го гарантира целосниот процес на третирање на дијабетес, не само да снабдува инсулин!, додаде тој
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Мицкоски ќе ја враќа оградата околу владината зграда
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Ograda-vlada.jpg)
На денешната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда.
Оградата која беше поставена во 2015, во времето на поранешниот премиер Никола Груевски, а извадена во 2019, од Зоран Заев, за објектот да биде отворен за граѓаните, повторно ќе биде поставена околу објектот.
„Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена. Истовремено директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка“, се наведува во соопштението на Владата.
Македонија
Претседателот Гаши се сретна со амбасадорот на Чешка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/amb.ludva_4.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, имаше средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, со кого разменија мислења околу процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија и можностите за продлабочување на традиционално добрата соработка на билатерален план.
Претседателот Гаши изрази задоволство од постојаната поддршка и пријателство меѓу двете земји, истакнувајќи дека Чешката Република е меѓу државите кои ја стимулираат ЕУ да ја држи постојано отворена вратата за проширувањето и за интегрирање на земјите од Западен Балкан.
Соговорниците разговараа за можностите за надминување на предизвиците со кои се соочува нашата земја на стартот на преговорите за полноправно членство во Унијата, при што амбасадорот Лудва истакна дека за Чешка е од посебно значење интегрирањето на земјите од овој регион.
Претседателот Гаши и амбасадорот Лудва се согласија дека односите меѓу Северна Македонија и Чешка се многу добри, за што се показател и многу средби на билатерално ниво во изминатиот период, што треба да биде пракса и во иднина.
Во тој контекст, претседателот Гаши истакна дека Чешла е мошне активна во делот на економската соработка со нашата земја. Тој го информира амбасадорот дека во Собранието е во тек формирање на делегациите и на парламентарните групи за соработка, посочувајќи дека преку ПГ за соработка со чешкиот Парламент може да се отвори посеопфтна дебата за продлабочување на билатералната соработка на повеќе полиња, како и за зајакнување на капацитетите за земјава за привлекување повеќе странски инвестиции.
Македонија
Кризниот штаб на Општина Аеродром: Подготвени сме пред предизвиците по најавите за невреме
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/nevreme-1.jpg)
Кризниот штаб на Општина Аеродром на чело со заменик-градоначалникот Дејан Митески е мобилизиран и подготвен да реагира на предизвиците што може да се појават откако попладнево почна да дува силен ветер со најава за големо невреме. Мобилни екипи веќе се излезени на терен и вршат расчистување на јавните површини, информираат од општината.
Апелкраат, доколку граѓаните забележат паднати дрвја врз автомобили или други објекти, да пријават во полиција, која треба да направи увид и записник, по што општинските екипи ќе го расчистат теренот.
„Штети и паднати дрвја може да се пријавуваат и на телефонскиот број 072/270-886.
Општина Аеродром апелира до граѓаните и до возачите без поголема потреба да не излегуваат додека трае невремето. Наша најважна обврска е да ги заштитиме граѓаните и нивните имоти и да го минимизираме ризикот од поплави и од други штети“, се наведува во соопштението.