Забава
Прогласена најдобрата туристичка атракција во Европа
Кога помислувате на најдобра туристичка атракција во Европа, веројатно ви паѓаат на ум Стоунхенџ, римскиот Колосеум или Ајфеловата кула во Париз.
Сепак, на изненадување на многумина, една знаменитост ги надмина во трката за водечка туристичка атракција во Европа.
Според „Ворлд травел авордс“ – гала-свеченост која секоја година ги слави најдобрите во патувањата, туризмот и угостителството од 1993 година наваму – пивницата „Гинис“ во Даблин е најдобра туристичка атракција во Европа за 2023 година. Меѓу номинираните беа Бакингемската палата во Лондон, катедралата „Саграда фамилија“ (La Sagrada Familia) во Барселона и Акропол во Атина.
Објектот на најпознатиот производител на пиво во Ирска првпат ја освои наградата во 2015 година. Се наоѓа во самото срце на Даблин, град познат по својата богата историја и култура.
„Гинис сторхаус“ не е само местото каде што се произведува „гинис“ во последните 250 години, туку нуди поглед зад сцената на сложеноста на правењето и точењето на ова светски познато пиво.
Ова место ја раскажува приказната за најпознатото извозно пиво во Ирска, „гинис“, од неговите скромни почетоци во 1759 година до денес, а објектот не е само дом на „гинис“, туку и ги слави ирската култура, креативност и претприемаштво.
Се протега на седум ката и опкружува стаклен атриум во форма на Гинисова чаша. Има и киносала, каде што се прикажуваат стари реклами за „гинис“ и неодамна реновираниот „Гравити бар“, кој има прекрасен поглед на главниот град на Ирска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Не доверувајте им се: три хороскопски знаци сигурно ќе ја откријат тајната
Довербата е многу кревка работа, а овие 3 хороскопски знаци не ја заслужуваат. Тоа не значи дека се лоши, тие се само многу зборливи и невнимателни, па сите ќе ги знаат вашите тајни во рекордно време.
Секој има пријател кој не е најмистериозната личност на светот. Како што поминува времето, ние стануваме повнимателни за тоа што им го доверуваме. Ако припаѓате на некој од овие знаци, можеби пријателите од приказната сте токму вие. Бидејќи или не размислуваат доволно пред да зборуваат или уживаат да споделуваат лични информации, не само свои туку и туѓи, тие не се познати по нивната способност или желба да чуваат тајни.
Хороскопски знаци кои откриваат туѓи тајни
Лав
Сè додека има публика што го слуша, Лавот ги раскажува најлудите приказни и најневеројатните информации со кои располага. Ужива да биде во центарот на вниманието и ќе направи се за да го добие, дури и ако тоа значи да сподели сè за неговиот личен живот – или, уште полошо, животите на другите. Се чини дека нема филтер помеѓу неговите мисли и зборови.
Вага
Вистина е дека таа се судира со Близнаците во нејзината тенденција да споделува повеќе информации отколку што треба, но на крајот победува затоа што никогаш не престанува да го прави тоа. Ниту на состаноци со пријателите, ниту во групни муабети каде дење и ноќе не ја смета ниту една тема за премногу лична или наметлива. Ако ништо друго, ако сте фасцинирани од темни или сочни семејни и пријателски приказни, не барајте подалеку од Вагите, кои изгледаат како секогаш да ги имаат во џебот.
Стрелец
Тоа е знак толку екстровертен што заборава да биде дискретен или таинствен. Исто така, љубител на искреноста, тој често ќе попушти пред желбата да каже повеќе отколку што има право. Значи, ако има нешто на ум, не е важно дали сте вие двајца или дали стои на подиум: тој ќе го сподели со целиот свет, не ни размислувајќи какви би можеле да бидат последиците.
Забава
Бред Пит на премиерата на филмот во Лос Анџелес дојде со својата девојка Инес
Во Лос Анџелес се одржа премиерата на филмот „Волци“ со Бред Пит и Џорџ Клуни во главните улоги.
Бред Пит на премиерата дојде со 29 години помладата девојка Инес Де Рамон. Таа за оваа пригода избра светло-кафеав фустан, со кој искомбинира минималистички накит.
Ова беше второ појавување на Инес и Бред заедно на јавен настан откако станаа пар во 2022 година.
На овогодинешниот филмски фестивал во Венеција, парот за прв пат се појави заедно на црвениот тепих.
Забава
(Видео) Режисерот на „Паразит“ има нов филм: луѓето се воодушевени од првиот трејлер
„Ворнер Брос“ го објави првиот официјален трејлер за многу очекуваниот научно-фантастичен филм „Мики 17“. Трејлерот брзо стана вирален, со повеќе од 4 милиони прегледи на „Јутуб“ во моментот на пишувањето.
„Мики 17“ требаше да биде премиерно прикажан во март, но беше одложено до следната година бидејќи постпродукцијата на филмот не беше завршена.
Станува збор за најновиот филм на познатиот корејски режисер Бонг Џун-хо, кого повеќето луѓе го знаат по „Паразит“, филм кој освои четири Оскари и Златна палма во Кан. „Мики 17“ е адаптација на романот „Мики 7“ од Едвард Ештон.
Главната улога во претстојниот филм ја толкува Роберт Патинсон. Тој го прикажува Мики, вработен во компанија која се обидува да ја колонизира ледената планета Нифлхајм. Секој пат кога Мики умира, компанијата го клонира, а неговиот клон ги задржува повеќето негови спомени.
Заедно со Патинсон, во филмот играат и Стивен Јан, Наоми Еки, Тони Колет и Марк Рафало.
Љубителите на филмот кои едвај го чекаат новото дело на познатиот корејски режисер се воодушевени од трејлерот.
„Бонг Џун Хо е вистински визионер. Никогаш не мислев дека ова ќе биде толку смешно“, „Сега ми треба овој филм“, „Патинсон е веќе познат како еден од најдобрите актери на помладата генерација, а ова изгледа неверојатно“, „Едвај чекам“, се само некои од коментарите на „Икс“.
Филмот „Мики 17“ својата премиера ќе ја има на 28 јануари следната година во Јужна Кореја, а во остатокот од светот ќе дојде на 31 јануари.