Македонија
СДСМ: Политиките на СДСМ ја штитат економијата и животниот стандард на граѓаните

Економските политики на СДСМ во време на глобални кризи, економска, енергетска и пост-ковид криза ја штитат економијата, како и животниот стандард на граѓаните, велат од СДСМ во партиско соопштение.
Според нив, економијата расте и во време на криза, што се потврдува и со прогнозите на ММФ, за економски раст од 2,5 насто годинава и 3,2 проценти наредната година.
– Невработеноста се намалува, паѓа инфлацијата, со мерките за гарантирани цени, се намалија и цените на огромен број прехранбени производи. Истовремено растат платите и пензиите. Минималната плата од 8.800 денари во 2017 година е покачена на 20.175 денари, просечната плата, која во март 2017 година изнесуваше 22.445 денари сега е над 36.000 денари. Просечната пензија е зголемена за 47 отсто, додека минималната пензија е покачена за 60 проценти, велат од СДСМ и додаваат дека СДСМ продолжува со мерките за поддршка на стопанството, како и за заштита и унапредување на животниот стандард за сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 06.10 часот, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремено засилен ветер, претпладне услови за слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, на денеска поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на улицата Ванчо Мицков бр. 18, во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.