Македонија
(Видео) Димитриеска-Кочоска: Бизнисот ништо добро не очекува од Влада која носи мерки што не даваат резултат – затоа крајните цени само растат
Најголемата криза во Македонија е што СДСМ е на власт. СДСМ и ДУИ направија во Македонија да има поголема криза отколку што е кризата било каде на друго место во Европа и во светот, рече Гордана Димитриеска – Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата во рамки на кампањата важно! Од Тебе зависат промените што се одржува во Неготино.
Власта не знае што прави, оцени потпретседателката и додаде дека немаат идеи и оти ние имаме поголема инфлација од било каде во регионот. Таа објасни како стигнавме до тука.
„Постојано зборуваме за инфлацијата , а они многу често ја врзуваат со кризите. Меѓутоа во уште во мај 2021 година кога никој не зборуваше за инфлација јас имав текст во кој кажав дека веќе почнува да расте инфлацијата во Македонија и тоа беше период кога инфлацијата во Македонија беше повисока од онаа во ЕУ и беше знак дека нешто се случува’, кажа Кочоска.
Кочоска се осврна прво на законот за минимална плата каде како што рече минималната плата не ја пратеше продуктивноста.
„Легитимно е секоја влада да носи мерки, за поздравување е да се зголеми минималната плата, но знаеме дека мора да ја следи продуктивноста. Во 2019 година донесоа еден закон со кој придонесите на приватниот сектор ги субвенционираа нешто што потоа го укинаа и сега наместо паралелно со законот за зголемување на минимална плата требаше да внимаваат на продуктивноста на компаниите или требаше и мерки да му помогнат на секторот да ја зголеми продуктивноста, ама ги немаше. Така овој пораст на плати се прелеа на крајните цени“, кажа Кочоска.
Според неа и во земјоделието откако се на власт, субвенционирањето или го намалуваат или е на исто ниво.
„И така ќе видите дека помошта што ја добиваат од година во година е помала и од статистика ќе видите дека од година во година увозот на земјоделските производи расте, има се помало производство на млеко, пченица и ако ова не беше знак не знам што повеќе требаше само соодветно да реагираат“, кажа таа.
Кочоска укажа и дека зборуваа за прогресивно оданочување, за сузбивање на сива економија па додаде дека донесоа мерка или дефиниција дека не може да има плаќање во готово повеќе од 500 евра.
„Па и тоа го сменија и во суштина во континуитет го менуваа начинот на однесување што создаваше една непредвидливост кај приватниот сектор и сето ова ги менуваше очекувањата и тој сектор почна полека да ги зголемува своите цени на финалните производи“, кажа Кочоска.
Според неа ова е првата фаза кога влеговме во висока инфлација. Таа укажа дека клучно е и тоа што цената на електричната енергија расте, а расте зошто ЕСМ го проби дното во најмало годишно производство на електрична енергија.
„И кога во се се намалува производство почнавме рано да одиме кон растење на инфлација. И потоа се почна со задоцнети мерки, потоа почна војната во Украина“, кажа таа.
Вториот момент, додаде Кочоска, кој исто беше задоцнет и непредвидлив е тоа што ја замрзнаа трговската маржа.
„А кога ќе ги прашате што значи, никој нема да ви каже, сложена проблематика е. Кога видоа дека тоа не функционира почна да замрзнуваат цени, а кога ќе ги одмрзнат почнуваат многу да растат. И ако ги видиме бројките на инфлација за 2022 јули, август и како растела во однос на просекот во 2021, тој просек ќе ви каже дека јули 2022 сме имале пораст на инфлација или 23,4 проценти, во август 27 проценти. И ова е исклучиво на храна и се гледа дека мерките не дале резултат, ама пак го прават истото замрзнуваат цени“, заклучи таа.
Оттука, кажа Кочоска, бизнис секторот ништо добро не очекува од Владата и тоа го вметнува во крајните цени.
„Не може секој ден да им менувате мерки, менувате ДДВ, носите прогресивен данок и слично, а од друга страна им растат и каматите на кредитите значи фирмите имаа само непредвидлива околина.. Притоа повеќе од 80 посто од платата граѓаните ја трошат на храна“, кажа Кочоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

