Контакт

Македонија

Стојаноски: Економскиот тим на Владата да си поднесе оставка, за 7 години немаат ниту еден капитален проект, а граѓаните едвај преживуваат

Објавено пред

„Економијата е онаа платформа на која граѓаните гледаат дали нивниот квалитет на живот е подобар, полош и тоа врз основа на нивната економска состојба ги носат и другите сериозни животни одлуки. Капиталните инвестиции во секој еден Буџет се оние средства кои се одвојуваат за капитални проекти, односно за нови училишта, болници, автопати, патишта, експресни патишта и сето она коешто е како објект, а којшто треба да го зголеми квалитетот на животот на граѓаните“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната Дебата за Македонија – Економски политики за достоинствен живот и ЕУ интеграција во Неготино во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависта промените!“.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека власта на СДСМ и ДУИ изминатите 7 години не заковала ниту една шајка.

„Апсолутно се согласувам со квалификацијата дека една шајка не заковаа, бидејќи ова може најмногу да се види преку оној мерлив критериум дали во изминатите 7 години додека ДУИ и СДСМ се на власт можете да се сетите на некаков голем проект, дали тоа е нов изграден клинички центар, можеби нов стадион, нова сала, некое ново игралиште, ново започнат нов автопат, експресен пат, магистрален пат, за тоа колку локални патишта се изградиле итн., а замислете се потрошија преку 22-23 милијарди евра ако ги соберете сите оние средства кои биле планирани за оваа намена“, рече Стојаноски.

Стојаноски додаде дека власта секогаш кога ќе почне годината вели дека тоа ќе била рекордна година во која се предвидени средства за капитални инвестиции, но средствата секогаш се крадат.

„Секогаш кога ќе започне годината ни велат оваа година ќе биде рекордна година во која се предвидени средства за капитални инвестиции, таква требаше да биде 2023-та година каде овие “Махери за економија” како што ги видовме на овој клип каде не знаат како се донесени одредени одлуки предвиделе 800-тини милиони евра за да ги реализираат во оваа намена и секогаш се случуваат две или три работи кои особено се интересни. На 9-ти месец, заклучно да го земеме и 10 ти месец да го земеме како што сега сме во моментов нема реализација поголема од 55-56% на таа сума и сега невозможно е од 10-ти до 12-ти месец да се реализираат овие средства кои се останати и што се случува? Наместо да изградиме ние тоа некој голем проект кој ќе остане за граѓаните, тие средства се прави одредена злоупотреба преку тоа што се префрлаат кон ЕЛЕМ, Пошти, Македонски железници за да може тие претпријатија да бидат ликвидни, е сега замислете од 2021-та година заклучно со денешниов датум 380 милиони евра се префрлени кон ЕЛЕМ за набавка на електрична енергија и за исплаќање на плати нешто што додека Гордана Димитриеска Кочоска беше во тоа претпријатие или гордо можам да кажам додека ВМРО-ДПМНЕ управуваше со институциите таа компанија беше една од најдобро ликвидните и беше една од најпрофитабилните државни институции. Понатаму може да видите дека тие средства секогаш се крадат или се пренаменуваат во средства кон македонската банка за развој, па се даваат брзи кредити за стопанството и на тој начин се крева процентот на реализација на капиталните проекти“, рече Стојаноски.

Тој истакна дека треба да се погледне и тоа што изградила власта како капитални проекти.

„Кога ќе видиме малку по аналитички дали се имаат изградени капитални проекти еве ќе ве потсетам само на еден проект а тоа е автопатот Кичево – Охрид. Тоа е еден споменик на неспособноста на СДСМ кој замислете го оставивме ние како Влада кога ги напуштавме институциите на 50 проценти реализација, па прво беше трасата искривена, па потоа немало клучки за да ден денес иако кажаа дека рокот е 2023-та година јас ве уверувам тука дека сеуште трасата не е пробиена. Се сеќавате на автопатите Миладиновци – Штип каде не можеа да го завршат безмалку една година или Демир Капија – Смоквица каде само чочек удрија и единствено нешто што направија е што го прекрстија автопатот „Пријателство“„, истакна Стојаноски.

Стојаноски рече дека она што ќе остане како наследство од СДСМ е тоа што државата и граѓаните ќе плаќаат пенали за нереализираните капитални проекти.

„Од она кое треба да се нотира и што ќе остане како наследство на СДСМ е тоа што сите ние тука ќе платиме пенали за нереализирани капитални инвестиции покрај тоа што се обезбедени средства и изработени се проекти и само требаше да ги продолжат. Такви беа зградите на ФИНКИ и ФФК, таква беше ситуацијата и со клиничкиот центар во Скопје. Се сеќавате дека тогаш за 170-тина милиони евра требаше да отпочне изградбата на нов наместо на тоа што го предвиде Венко Филипче и овие кои се економистиве во владава за половина милијарда евра за кој нормално ние не дадовме дозвола да се изгради затоа што ќе беше нова плачка на векот како што сега е оваа со Коридориве на Артан Груби. Тој не само што не го отпочнаа тука ние заедно што седиме ќе треба да плаќаме пенали во износ од 18 милиони евра. Исто така оваа година сите ние заедно тука плативме 18 милиони евра за пенали заради тоа што еден потпис фалел за да се издаде еврообврзница“, вели Стојаноски.

Стојаноски е дециден дека во однос на пенали државата треба да плати 36 милиони евра.

„Ако ги собереме само овие средства во однос на пенали што оваа држава треба да ги исплати тоа се 36 милиони евра, а 36 милиони евра се 36 нови градинки, што значи оваа година ние нема да имаме новоизградена градинка никаде во државава, нема да се изгради ново основно училиште, нема да се градат средни училишта и факултети, нема да се изгради клиничката болница во Штип, Скопје, Кичево, нема да започнеме нов автопат но ќе платиме 36 градинки, 36 милиони евра во однос на пеналите“, потенцираше Стојаноски.

Според Стојаноски економистите од Владава и економскиот тим треба да си поднесат оставка.

„Она што треба да го направат овие економистиве од Владава и економскиот тим е тоа веднаш и без исклучок да си поднесат оставка бидејќи да имате вие ситуација до државата каде 7 години нема да отпочнете ниту 2-3 метри, не зборувам за километри бидејќи километри се научна фантастика за овие луѓе, почнати патишта или некаков капитален проект и да имате ситуација каде ќе гледате видео клипови секојдневно на сите на ТВ станици во државата во националните дневници како луѓе плачат за да не можат да си обезбедат еден леб дома или да си го протуркаат месецот најдоброто нешто што можете да го направите да си поднесете оставка“, заклучи Стојаноски.

 

Македонија

Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони

Објавено пред

Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

Објавено пред

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.

dobivaj vesti na viber

„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија

Објавено пред

„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.

Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.

Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија5 часа

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...

Европа5 часа

(Видео) Зеленски: Искористете ги руските средства за одбрана, не плашете се од закани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешната прес-конференција во Брисел, се огласи на социјалните мрежи за дополнително да го разјасни својот...

Свет6 часа

(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот...

Македонија7 часа

МОН: Младите во Македонија ја менуваат перцепцијата за тутунот, неговата употреба се намалува, но се зголемува на електронските цигари

„Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да...

Македонија7 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса – работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари...

Македонија7 часа

Недостасуваат 204 судии, Филков најави кадровско зајакнување во 2026 година

Во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, на амбасадите во земјава, судии, јавни обвинители, адвокати, Советот на ИКТ,...

Македонија11 часа

(Видео) Петрушевски: Обвинителството треба да истражи каде завршиле речиси 1 милион евра од „Државната лотарија“

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија по изгласаната...

Македонија12 часа

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, не сакаме огномет за Нова година: „Зелен хуман град“ со апел до скопските градоначалници

Активисти на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ со апел до сите скопски градоначалници да се откажат од огномет за Нова...

Македонија12 часа

Обвинение за директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје поради преполните контејнери во главниот град

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители...

Македонија13 часа

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...

Македонија13 часа

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и...

Регион14 часа

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, првпат по повеќе од десет години, стана реална можност

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок...

Свет14 часа

Трамп го критикува Бајден: Тој го остави хаосот, јас ја извлеков Америка од работ на пропаст

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за...

Свет15 часа

Минск е можно место за нова средба меѓу Путин и Трамп

Можна нова средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во Белорусија,...

Регион15 часа

Шефот на Европскиот совет: Западен Балкан избира да остане во минатото или европска иднина

Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи кон заедничка иднина во Европската Унија, изјави...

Македонија1 ден

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...